Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Охрид-Ресен, воведена забрана за тешки товарни возила на правецот Струга – г.п. Ќафасан
Сообраќајот е во прекин на Магистрален Пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.
Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“. Забраната се воведува од 19:30 часот.
Од 19:45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема – (ланци).
Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халуцинации и психолошка состојба се обидите на СДСМ резултатот од изборите да го прикажат како историски подвиг, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во врска со прикажувањето на резултатите од првот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ утрово прашува со што денес Социјалдемократскиот сојуз ќе го спореди својот изборен неуспех.
„Денес е нов ден за Македонија, ден кога јавноста е во очекување – со што ќе го споредат од СДС својот изборен успех. Можеби со 1993 година во Македонија, или со некоја африканска земја и нивните искуства,“ се наведува во соопштението.
Од партијата порачаа дека социјалдемократите треба да се освестат, сконцентрираат и приберат, додавајќи дека нивните обиди да прикажат историски подвизи се плод на халуцинации и специфична психолошка состојба.
Македонија
Денес сончево време со температура до 24 степени
Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.
Македонија
Ноќва почнува зимското сметање на времето
Ноќва почнува зимското сметање на времето.
Стрелките на часовникот во 3 часот по полноќ ќе се поместат еден час наназад.
Со тоа, времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

