Спорт
(Видео) Маестрален гол на Меси во ремито на Мајами

Лионел Меси повторно постигна гол, но тоа не беше доволно за Интер Мајами да ги освои трите бода во дуелот против Торонто во МЛС лигата.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, со два прекрасни гола и уште еден кој му беше поништен на Меси.
Меси постигна гол во 39. минута од работ на шеснаесетникот во негов стил биеше во десниот агол на голманот. Следуваше голема радост, која беше прекината бидејќи судијата по консултација со ВАР оцени дека Аргентинак направил прекршок на стартот од акцијата.
Двата гола беа постигнати во судиското надополнување на првото полувреме. Торонто поведе по соло акцијата на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување.
Сепак, Меси успеа да израмни во петтата минута од судиското надополнување. Од работ на шеснаесетникот, Меси со полуволеј ја испрати топката во долниот лев агол.
Во преостанатиот дел од натпреварот Интер доминираше, имаше дури 11 удари кон голот на ривалот, но резултатот не се промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Торино сака да го задржи Елмас

Првиот човек на Торино, Урбано Каиро, сериозно размислува да го откуши договорот на Елиф Елмас од Лајпциг.
Македонскиот репрезентативец во Торино пристигна од Лајпциг во јануари на поозајмица, со можност да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Елмас досега одигра седум натпревари, постигна четири гола. Вчера беше стрелец во ремито 1:1 против Верона.
„Елмас? Ремек-дело е голот против Верона. Среќни сме што е тука, ќе се обидеме да го задржиме. Во овој момент не сме размислувале, ова прашање ќе го решаваме по крајот на сезоната“, изјави Каиро.
Кога потпиша за Торино, клубот доби опција по завршувањето на сезоната да го откупи од Лајпциг за 17 милиони евра.
Спорт
Сити нуди 275 милиони евра за Јамал

Манчестер сити планира да испрати понуда за Ламин Јамал со која би го соборил светскиот рекорд, пишува шпански „Фихаес“. Понудата би требало да изнесува 275 милиони евра, со што овој трансфер би бил најголем во историјата на фудбалот доколку Барселона била заинтересирана да го продаде најголемиот талент.
Иако има само 17 години, Јамал плени сите со своите вештини, визија и способност да направи разлика на теренот. Неговиот талент го привлече вниманието на најголемите светски клубови, а сега Манчестер сити изгледа подготвен да инвестира рекордна сума за да го обезбеди неговиот потпис.
Иако е тешко да се поверува дека Барселона би го пуштила токму така, финансиската понуда ги става Каталонците во тешка ситуација. Клубот веќе работи на продолжување на неговиот договор, бидејќи истиот трае до јуни 2026 година.
„Моментално се потпираат на неговата откупна клаузула од една милијарда евра. Преговорите би можеле да бидат долги, но вистината е дека неговата иднина останува неизвесна, а интересот на големите клубови како Манчестер сити може да го забрза целиот процес“, вели „Фихаес“.
Спорт
Напредуваат преговорите помеѓу Ливерпул и Ван Дајк

Ливерпул е на прагот да ја освои титулата во Премиер лигата, но паралелно со тоа се водат преговори околу нови договори со клучните играчи, Мохамед Салах и капитенот Вирџил ван Дајк.
Холанѓанецот, по вчерашниот меч со Фулам, кој Ливерпул го загуби со 3:2, откри дека има напредок во преговорите со клубот.
„Напредок има, но не знам дали ќе останам, ќе видиме. Тоа не го менува фактот дека го сакам клубот, ги сакам навивачите и едвај ја чекам неделата кога Вест Хем ќе дојде кај нас и сакам да ги израдувам навивачите“, изјави Ван Дијк.
На седум кола до крајот, Ливерпул има 11 бода повеќе од второпласираниот Арсенал.