Спорт
(Видео) Њукалс го победи Лестер, се изедначи со Челзи на четвртото место

Фудбалерите на Њукасла славеа во Лестер и се вклучија во борбата за четвртотот место во Премиер лигата. По победата 3:0, Њукасл се изедначи со Челси на четвртото место (двата тима имаат по 53 бода), Манчестер сити со бод помалку е на шестата позиција. Лестер остана на претпоследното место, речиси и да нема шанси да остане во лигата.
Гостите ги постигнаа сите три гола во првото полувреме на стадионот Кинг Пауер, а двојниот стрелец Џејкоб Марфи ги постигна двата негови гола во првите 11 минути.
Во втората минута десното крило на Њукасл беше на вистинско место по додавањето од Тино Ливраменто.
Девет минути подцна Фабиен Шер од половина терен упати исклучително прецизен удар кон голот на Хермансен, ја погоди гредата, но Марфи се најде на вистинското место и лесно ја заврши акцијата. Ова беше негов седми гол сезонава, има и девет асистенции.
Точка на натпреварот во 34.минута стави поранешниот играч на Лестер, Харви Барнс.
„Страчките“ во следното коло ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед, додека Лестер ќе гостува кај Брајтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Замина најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата

Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Саутемптон. Хрватскиот стручњак го напушти клубот по 31. коло, откако официјално испадна од Премиер лигата, со најлошиот учинок во историјата на лигата. Хрватот ја активираше клаузулата во договорот која му овозможува заминување, ден откако беше потврдено враќањето на тимот во Чемпионшип.
На Јуриќ му беа доволни само 108 дена на клупата за да влезе во историјата – како најлошиот тренер на Премиер лигата досега, пишува „АС“ во текстот со наслов „Заминување на најлошиот тренер во историјата на Премиер лигата“.
Тој освои само четири поени на 14 натпревари, во просек 0,29 поени по натпревар. Ниту еден друг менаџер кој раководел со клуб најмалку десет кола во ерата на Премиер лигата нема полош просек.
„АС“, дополнително го анализира настапот на Јуриќ.
Претходниот неславениот рекорд го држеше Тери Конер, поранешен менаџер на Вулверхемптон, кој во сезоната 2011/12 во просек освојуваше 0,31 поен по натпревар“.
На 26 декември 2024 година, Јуриќ го наследи Расел Мартин по катастрофалниот почеток на сезоната 2024/25, но резултатите под негово водство се покажаа уште полоши. На 14 натпревари од Премиер лигата, хрватскиот стручњак освои само четири бода, што е дури и помалку од петте бода на Мартин.
Јуриќ оезоната 2024/2025 ќе сака што побргу да ја заборави. Пред Саутемптон доби отказ по само два месеци како тренер на Рома.
Спорт
Хорхе Мартин ќе вози во Катар

Актуелниот шампион Хорхе Мартин ќе се врати на патеката претстојниот викенд на трката за ГН на Катар, потврди Априлија.
Шпанецот беше надвор од патеката од првиот ден од предсезонските тестирања во Малезија, кога заработи фрактура на левата рака и десното стапало. Мартин потоа заработи скршеница на десната рака на неколку дена пред почетокот на сезоната и уште тогаш беше јасно дека нема да може да се врати на патеките пред четвртиот круг од сезоната.
Бранителот на титулата досега ги пропушти трките во Тајланд, Аргентина и САД. На првите две трки победи возачот на Дукати Марк Маркез, а во САД славеше неговиот тимски коелга, Пеко Бањаја.
Априлија, инаку, побарала дозвола Мартин да го тестира овогодинешниот мотоцикл пред да се врати на патеката, но тоа барање било одбиено бидејќи не било во согласност со правилата, но сето тоа започнало преговори за промена на прописите околу враќањето на возачите на патеката по одреден период отсуство.
Мартин беше заменет во првите три трки од сезоната со Лоренцо Савадори, тест возачот на Априлија.
Минатата година Мартин триумфираше во спринтот на патеката „Лусаил“, додека трката Големата награда на Катар ја заврши на третото место.
Спорт
ЛШ: Реал на „Емирејтс“ во Лондон, Баерн го чека Интер

Во следните два дена ќе се одиграат првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал ќе го пречека бранителот на титулата Реал Мадрид, додека Баерн и Интер ќе играат во Минхен.
Арсенал доминираше во Лигата на шампионите заедно со Ливерпул и Барселона. Клубот од Лондон игра исклучително цврсто во одбраната, прима малку голови и знае како да го контролира поседот на топката.
По елиминацијата на ПСВ Ајндховен, ждрепката ги спои „топчиите“ со Реал. Овие два клуба се сретнале само два пати во Лигата на шампионите, во 2006 година. Арсенал победи со 1:0 во Мадрид со голот на Тиери Анри, додека во Лондон беше 0:0.
Кога станува збор за играчкиот кадар, Арсенал има многу повеќе проблеми. Рахим Стерлинг има жолти картони, Хаверц и Жесус отсуствуваат во нападот, а Габриел и Калафиори нема да бидат во одбраната.
Гостите пристигнуваат без суспендираниот Чуамени, а отсутни се и Себаљос и Карвахал. од четврт-финалето се закажани за 15 и 16 април.
Арсенал или Реал Мадрид во полуфиналето ќе играат против победникот од ПСЖ-Астон Вила, додека втората двојка ќе биде подобра од дуелот Баерн-Интер против Барселона или Борусија.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 31 мај во Минхен.
Вторник:
Арсенал – Реал Мадрид 21.00 часот
Баерн – Интер 21.00 часот
Среда:
Барселона – Борусија Дортмунд 21.00 часот
ПСЖ – Астон Вила 21.00 часот