Спорт
Хуманитарент натпревар Бугарија-Македонија на 27. април во Варна

Христо Стоичков и Горан Пандев ќе ги предводат селекциите на Бугарија и Македонија на хуманитарен натпревар во Варна.
Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април (17:00 часот) ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија.
Целта е да се соберат средства и да се даде поддршка за настраданите во несреќата во Кочани. Целиот приход ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани.
Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.
Македонската репрезентација е во состав со фудбалери од првата репрезентативна генерација, Илија Најдоски, Канатларовски, Мицевски, Марковски, Станковски, Мемеди, Бошковски…Горан Пандев, Агим Ибраими, Христов и Шаќири се дел од нашите легенди од поновата генерација. На хуманитарниот меч во нашиот состав ќе бидат Дарко Тасевски и Ванчо Трајанов кои оставија белег во бугарскиот клупски фудбал.
Ѓоко Хаџиевски е селектор на македонската репрезентација, а Димитар Пенев е предводник на Бугарија.
На спортскиот натпревар ќе му претходи хуманитарна програма во која ќе настапат популарни изведувачи, која ќе започне во 15:00 часот.
Овој гест на солидарност претставува силна порака за човечност и заедништво и симбол на пријателство, спортски дух и заедничка хуманост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.