Спорт
Луис Енрике тврди дека ПСЖ (не) е фаворит против Астон Вила

Луис Енрике, тренерот на Пари Сен Жермен, не се согласува во целост дека неговиот тим е фаворит против Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Астон Вила, .
Првиот натпревар се игра на „Паркот на принцовите“, вечерва од 21 часот.
„Мислам дека сме фаворити како што бевме против Ливерпул во осминафиналето, кога обложувалниците не ни дадоа никакви шанси или минимални шанси. Нема фаворити во оваа фаза, осумте тима што стигнаа до тука го заслужија тоа. Осум екипи кои можат да продолжат, а патот зад нас е полн со елиминирани фаворити“, рече Енрике.
На спротивната страна една од најголемите закани по голот на ПСЖ ќе биде Марко Асенсио, кој во јануари од Париз се пресели на позајмица во Астон Вила.
„Тоа не ми пречи, напротив, ми се допаѓа што Марко Асенсио може да игра, бидејќи овде не моеше да има погголема минутажа овде. Имаше опција да замине во Бирмингем… Го познавам Марко подобро од сите вас, поминавме многу заедно во репрезентацијата, бевме на Светско првенство и тој беше многу важен играч за мене. Го знам во душа“, рече Енрике, а потоа го пофали колегата Унаи Емери.
„Тренер со одлично резиме кој внимава на деталите, Вила напредуваше под него водство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.
Спорт
Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.
Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.
Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.