Црна хроника
Метална шипка паднала врз скопјанец при санација на покрив на зграда: тој ги нападнал колегите
Вчера во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи – санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката.
Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

