Спорт
Пике плачел на судењето: Никој не може да ми го врати угледот
Шпанските медиуми објавија аудио снимка од судењето на познатиот фудбалер Џерар Пике, кој е под истрага за корупција во случајот Суперкуп на Шпанија.
Поранешниот шпански репрезентативец, кој освои се што може да се освои во фудбалската кариера, негираше дека сторил нешто лошо и плачеше на суд бидејќи рече дека не ги разбира обвиненија кои се поднесени против него.
Исто така, Пике изјави дека никој не може да му ја врати репутацијата.
Поранешниот играч на Барселона и Манчестер јунајтед е под истрага за четири милиони евра годишни провизии кои ги добивал преку неговата компанија.
Се истражуваат наводните дела на корупција и перење пари, кои резултираа со преместување на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
Пике помина два часа во судницата.
„Можам ли да кажам нешто? Многу е фрустрирачки затоа што се занимаваме со овој случај три години. Мислам дека и дадовме непроценлива вредност на Шпанската фудбалска асоцијација и најголемиот договор во историјата на асоцијацијата. Во друга земја би ми кренале споменик“, рече Пике, а потоа со многу поемотивен тон изјави:
„Не можете да замислите каково е чувството кога името ви се појавува во печатот секој ден и така три години. Се ќе заврши што е можно поскоро, но никој нема да ми ја надомести за нарушување на угледот“, додаде Пике.
#ElPeriódico “El audio de Piqué llorando ante la jueza del caso Supercopa“
Piqué: “De verdad creo que hemos aportado un valor incalculable para la Federación Española, el contrato más grande de la historia de la Federación”pic.twitter.com/cJqd65AsHG
— Fútbolgate.com (@futbolgate_ES) April 10, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алекс Фергусон: Можно е Манчестер Јунајтед уште 10 години да не биде шампион
Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште една деценија пред повторно да го кренат трофејот од Премиер лигата.
Јунајтед ја освои последната титула во лигата во 2013 година, точно во последната сезона на шкотскиот стручњак на клупата.
Фергусон денес има 83 години и освои 13 титули во англиското првенство и две Лиги на шампиони со Јунајтед. Тој го водеше клубот 27 години, од 1986 до 2013 година.
Според Фергусон, клучната причина за долгогодишниот пост лежи во лошиот избор на играчи. Тој истакна дека подобрувањето на процесот на регрутирање и доведување засилувања е неопходен предуслов за враќање на клубот на патеките на старата слава.
Тој посочи три нови играчи, за кои смета дека се засилувања
„Аморим е добра личност, не му е лесно. Кога јас пристигнав, Ливерпул беше одличен. Тие беа европски шампиони, но потоа им требаа 30 години за повторно да ја освојат титулата во англиската лига. Таква е ситуацијата со Јунајтед. Може да потрае уште десет години пред да ја освоиме титулата во лигата.
Мора да се погрижиме да доведеме подобри играчи. Голманот Ламенс беше доведен за да направи разлика. Тој е млад, агилен, висок и знае како да игра со рацете и нозете. Тука се и Мбеумо и Куња, за кои мислам дека исто така ќе бидат од голема помош“, им рече Фергусон на новинарите во Бахреин.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Сити мора да се подготви за моето заминување
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека клубот „мора да се подготви“ за да го испланира неговото заминување и да пронајде наследник. Иако Шпанецот има договор до крајот на сезоната 2026/27, гласни се шпекулациите дека ќе замине по заврпувањето на сезоната. Би-Би-Си пишува дека клупските челници веќе го започнале процесот на барање потенцијални кандидати за негова замена.
За време на неговата кариера во Сити, која ја започна во 2016 година, Гвардиола се етаблираше како една од најважните фигури во историјата на клубот, освојувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Кога беше прашан дали ќе го заврши договорот, 54-годишникот одговори криптички.
„Во последните три или четири години во одреден период, ми го поставуваат ова прашање. Порано или подоцна, на 75 или 76 години, ќе го напуштам Манчестер Сити. Го разбирам прашањето, но сè уште имам 18 месеци, и воодушевен сум“, рече Гвардиола.
Кога директно го прашаа дали ќе биде во Сити следната сезона, тој додаде: „Одговорив на тоа прашање и претходно. Тука сум. Што ќе се случи, којзнае, но и да имав договор од 10 години или шест месеци, фудбалот многу се менува.“
Тој, исто така, ги отфрли обвинувањата за разговори за предвремено заминување. „Нема дискусија – крај на темата. Нема да бидам тука засекогаш и претходно реков дека нема да бидам тука засекогаш. Што ќе се случи, ќе се случи и клубот мора да биде подготвен за сè“, заклучи тој.
Во услови на неизвесност, менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, кој претходно беше помошник на Гвардиола во Сити, се споменува како еден од потенцијалните наследници. Италијанецот, сепак, категорично ги негираше ваквите гласини.
„Воопшто не ме засега бидејќи знам дека се 100% шпекулации. А во моментов нема време за такви работи“, рече Мареска, чиј договор со Челзи е до 2029 година.
„Мојот фокус, многу пати сум рекол, е само на овој клуб и многу сум горд што сум тука. Пред една недела бев поврзан со Јувентус. Затоа не обрнувам внимание бидејќи знам дека не е вистина.“
Би-Би-Си дознава дека чувството за потенцијална промена го натера Сити да ја интензивира потрагата по наследник на Гвардиола. Се верува дека се идентификувани најмалку двајца кандидати, иако нивните имиња засега остануваат тајна.
Спортскиот директор Уго Вијана има клучна улога во составувањето на списокот, а конечна одлука за иднината на Гвардиола не се очекува пред крајот на сезоната. Сити, кој моментално е два бода зад лидерот Арсенал, е домаќин на Вест Хем во сабота.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лапорта жестоко го нападна Реал Мадрид: Повраќаат лаги и го трујат фудбалот
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, жестокот го нападна Реал Мадрид, обвинувајќи ги заколнатите соперници за кршење на етичките и моралните стандарди и водење клеветничка кампања.
Зборувајќи на божиќниот настан на клубот, Лапорта рече дека Барселона нема да толерира лаги и институционално заплашување, вперувајќи го прстот во медиумската содржина произведена од Реал Мадрид.
Односите меѓу двата шпански гиганти драстично се влошија во последните недели, а „случајот Негреира“ стана фокусна точка на конфликтот.
По серија јавни навреди, Лапорта неодамна го обвини Реал дека страда од „акутен барселонитис“, осврнувајќи се на обновениот фокус на „кралскиот клуб“ врз исплатите на Барселона на поранешниот судија Хозе Марија Енрикез Негреира.
Иако некогаш беа усогласени по клучните прашања, претседателите Лапорта и Перез сега се во војна.
Тој дополнително ја заостри својата реторика за време на божиќниот настан, каде што, без директно да го именува Реал Мадрид, испрати јасна порака.
„Морам да кажам дека оваа димензија што ја достигнавме, исто така, создава завист и дека е многу лошо управувана од оние кои, користејќи лоши методи, ги кршат сите кодекси на однесување, етички и морални, а не само спортски“, рече Лапорта.
Тој продолжи уште подиректно: „Претпоставувам дека знаете на кого мислам: оние кои се архитекти на постојани кампањи за клевета против нашиот грб и нашата суштина. И ние нема да го дозволиме тоа.“
Лапорта заврши со најострата порака досега: „Ова се истите оние кои ја мешаат моќта со игнорантскиот деспотизам; оние кои практикуваат цинизам и прекумерна ароганција; оние кои имаат телевизиски канал од кој постојано и трајно повраќаат лаги и отров.“
Изјавите на Лапорта претставуваат остар пресврт од почетокот на годината кога се обиде да ги смири тензиите со Перез. До почетокот на 2023 година, Барселона и Реал Мадрид одржуваа релативно стабилен институционален однос и покрај нивното спортско ривалство. Рамнотежата беше нарушена кога истрагата за случајот на Негреира стана јавна, по што Реал Мадрид се вклучи во судски постапки и го зголеми медиумскиот притисок.
Барселона верува дека овие напади не се случајни, туку дел од намерен план за дискредитација на историјата на клубот и неговото неодамнешно спортско закрепнување. Една од причините за ставот на Реал е гневот на Перез откако Барселона го напушти проектот на Европската Суперлига, оставајќи го Реал на цедило во спорот со УЕФА.
Останува да се види дали Перез или некој од високите функционери на Реал Мадрид ќе одговори на последната изјава на Лапорта. Со оглед на тоа што случајот на Негреира е сè уште отворен, а двата клуба заземаат клучни позиции во шпанскиот фудбал, понатамошните вербални размени изгледаат неизбежни.
Целосен прекин на соработката меѓу двата најголеми шпански клуба би можел да има далекусежни последици за Ла Лига и раководството на шпанскиот фудбал.
Foto/ depositphotos

