Спорт
Доминантна победа на Пајстри во Бахреин

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Бахреин. Австралиецот на патеката „Сакир“ ја забележа втората победа во кариерата. Пјастри победи пред Џорџ Расел од Мерцедес и тимскиот колега Ландо Норис.
Оскар Пјастри извосе брилијантна трка, стартуваше од пол-позицијата, не водеше само во моментот кога првиот пат влезе во боксот. Потоа го издржа налетот на Расел кога во 35. круг, ја напушти патеката.
Втората победа во кариерата за Пјастри, воедно и прва за Мекларен на патеката во Бахреин.
Зад најдобрите тројца се пласираа возачите на Ферари: Шарл Леклер и Луис Хамилтон, Макс Ферстепн (Ред Бул), Пјер Гасли (Алпин), Естебан Окон (Хас), Јуки Цунода (Ред Бул) и Оливер Берман (Хас).
Петтата трка во сезоната ќе се вози наредниот викенд, на 20. април во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин ќе отсуствува најмалку три месеци

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин најверојатно ќе мора да остане во болница во Доха најмалку две недели поради скршеници на ребрата со кои се здоби за време на ГН на Катар. Шпанецот најверојатно ќе отсуствува од патеките околу три месеци.
Возачот на Априлија се врати на патеката минатиот викенд, откако ги пропушти првите три трки поради бројните повреди кои ги претрпе уште пред почетокот на сезоната.
Мартин прво се здоби со скршеници на раката и стапалото за време на првиот ден од предсезонското тестирање во Сепанг, а една недела пред првата трка ја скрши другата рака.
Шпанскиот мотоциклист се врати минатиот викенд, но имаше тежок пад, откако во спринтот го освои 16-тото место, на осум круга пред крајот на главната трка на патеката „Лусаил“.
Со деталните прегледи најпрво е утврдено дека морал да остане во болница поради пневмоторакс, а имал вкупно 11 скршеници на ребрата кои, за среќа, не ги зафатиле мозокот, пршлените и абдоминалните органи.
Од таборот на Мартин изјавија за „motorsport.com“ дека возачот на Априлија има големи болки и дека особено го мачи цевката која е интубиирана за пневмоторакс, која може да биде отстранета во следните четири до седум дена.
Враќањето во Шпанија е приоритет за Мартин, но поради болки летањето во моментов е практично невозможно.
„Ако се биде добро, Хорхе би можел да се обиде да се врати во Шпанија за околу две недели, можеби и три“, вели истиот извор.
Без разлика кога ќе се врати на патеката, лекарот кој често ги лекува возачите истакна дека Мартин би можел да биде надвор од патеката не помалку од три месеци, секако во зависност од дополнителните прегледи за сите повреди што ги има.
Откако се здоби со три сериозни повреди за помалку од два месеци и со оглед на двата насилни падови по закрепнувањето, Шпанецот сигурно нема да смее да брза со враќањето.
Доколку се точни прогнозите дека ќе мора да паузира три месеци, најрано што Мартин би можел да се врати е Германското ГП, од 11 до 13 јули или една недела подоцна, кога Мото ГП шампионатот се сели во Брно.
Следната трка од Мото ГП шампионатот се вози за Големата награда на Шпанија од 25 до 27 април.
Спорт
Дерби мечевите во Серија А повеќе нема да се играат во ударните термини

Сериозни инциденти му претходеа на дербито на Рим во неделата во кое беа повредени 24 полицајци и беше причинета материјална штета од околу 40.000 евра, МВР на Италија во средата донесе одлука, која се однесува на натпреварите кои носат безбедносен ризик.
Одлуката на италијанското Министерство за внатрешни работи е одговор на насилството забележано на улиците на Рим во неделата. Во иднина натпреварите кои се оценети како високоризични нема да се играат во вечерните часови.
„Во текот на сезоната 2025/26 повеќе нема да биде дозволено натпреварите оценети како натпревари од висок ризик да започнуваат во вечерните часови, како што се случи со натпреварот помеѓу Лацио и Рома“, се вели во меморандумот испратен од италијанското МВР до Фудбалски сојуз на Италија.
Како што пренесуваат италијанските новински агенции, АНСА и АГИ, Министерството им забранило и на навивачите на Лацио и Рома да идат на наредните три гостувања на нивните тимови.
Пред почетокот на неделното „Дерби дела Капитале“ кое заврши со резултат 1:1, пред натпреварот, околу 500 ултраси на Лацио и Рома се обидоа да го пробијат полицискиот кордон кој беше поставен околу стадионот за да спречат судири.
Полицијата го одби налетот на ултрасите, од кои некои беа вооружени со метални палки и чекани, користејќи водени топови и солзавец. Во судирите се повредени 24 лица, а уапсени се тројца навивачи на Лацио и тројца навивачи на Рома.
Спорт
(Видео) Есторил објави нова гарнитира дресови во чест на Сена

Португалскиот клуб Есторил го објави четвртиот сет на дресови со бразилски мотиви во чест на според многумина најголемиот ас во историјата на Формула 1, Аиртон Сена.
Гигантот на мотоспортот од Бразил очигледно им остана во доброто и убаво сеќавање на жителите на овој португалски град. Градот во кој се одржуваа трките во Формула 1 од 1984 до 1996 година.
Фудбалскиот клуб Есторил реши во чест на Сена со објавување на четвртиот комплет дресови со мотиви на бразилското знаме.
Oficialmente o 4.º equipamento desta época! 🟢🟡🔵
Ayrton Senna x Estoril Praia 🏁🏎️ pic.twitter.com/vPLfmJDo9l
— Estoril Praia SAD (@estorilpraiasad) April 15, 2025
Инаку, Аертон Сена е навистина многу приврзан за Есторил. На таа патека, во 1985 година, ја забележа својата прва победа во Формула 1 во болидот на Лотус. Инаку, тоа е единствената победа што трикратниот светски шампион ја забележа на оваа патека.