Спорт
(Видео) Дончиќ: Далас ми го скрши срцето

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ откри како се чувствувал откако дознал дека е трејдуван од Далас.
Во февруари, Словенецот беше дел од трејдот што го запали кошаркарскиот свет, кога Маверикс го испратија во Лос Анџелес.
Дончиќ зборуваше за тоа за ESPN, откри дека прво го го скршил телефонот кога дознал за трејдот. Дочниќ зборуваше и за тоа како ги доживеал коментарите на генералниот директор на Маверикс, Ник Харисон.
„Тажно е да се слуша што зборува Нико по трејдот. Никогаш не сум кажал ништо лошо за него, само сакам да го оставам ова зад нас. Навивачите, поранешните соиграчи – ќе ги чувам сите во моето срце, но време е да продолжиме понатаму”, изјави Дончиќ за ESPN.
„Се фокусирам на мојата кариера“.
Тој објасни и колку трејдот му наштетил.
„Бев во кревет кога дознав за трејдот. Телевизорот не ми работеше, па гледав филм на таблетот пред да си легнам. Веднаш се запрашав дали е 1.април. Бев тажен, шокиран. Чувствував дека срцето ми е скршено. Сакав да ја завршам кариерата како Маверикс, а сега сакам да останам во Лејкерси”, изјави Дончиќ.
Luka Doncic tells @malika_andrews about throwing his phone and breaking it when he found out he got traded to the Lakers 😳
"My heart was broken honestly." 💔 pic.twitter.com/rfsIGlOaBC
— ESPN (@espn) April 18, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Франција трета во Лигата на нации

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија.
Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме.
Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот.
Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во улога на асистент, а играчот на Баерн, Олисе, го потврди триумфот на Франција.
По големата грешка во одбраната на Германија, играчот на Реал направи брз пробив, а потоа несебично му асистираше на Олисе кој ја погоди празната мрежа.
За титулата во Лигата на нации, вечерва од 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.
Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе испаднат од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.