Спорт
Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Фото/ facebook.com/KFGGostivari
Натпреварот меѓу Струга и Гостивар одигран во рамките на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) имал и „трето полувреме“.
По нерешените 1:1 дојде до инцидент меѓу играчите на двата тима, поради што интервенираше и полицијата.
Фудбалскиот клуб Гостивар во неделата доцна навечер соопшти дека полицијата во Струга привела тројца нивни фудбалери и еден член на стручниот штаб.
„Тројца наши фудбалери и еден член на стручниот штаб се приведени во полициската станица во Струга и пет часа беа на распит. Не смеат да контактираат ниту со соиграчите, ниту со нивните роднини. Раководството и нашиот спортски директор со часови чекаат пред станицата со надеж дека ќе добијат каква било информација“, се вели во соопштението на ФК Гостивар.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, но тензиите ескалираа дури по неговото завршување. Се очекува Фудбалската федерација на Македонија и надлежните институции да реагираат и да поведат постапка за расветлување на околностите на инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан се распрашува за Бернардо Силва

Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити.
Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната.
Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и јасно е дека може да игра уштеуште неколку сезони на врвно ниво.
Силва пристигна во Сити од Монако во летото 2017 година за 50.000.000 евра. Ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Одигра неверојатни 416 натпревари, со 72 гола и 74 асистенции.
Спорт
Рој Кин: Би сакал Симеоне да го замени Аморим

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант.
Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ.
Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин.
Тој тврди дека Диего Симеоне би бил идеално решение за клупата на Јунајтед.
„Ако некогаш се отвори место за нов тренер, го кажувам ова веќе некое време – би сакал (Диего) Симеоне од Атлетико Мадрид да ја преземе таа позиција. Мислам дека би создал хаос, но добар хаос. Тој би го направил тоа. Нема гаранција, но би сакал само да го видам неговиот карактер. Начинот на кој игра неговиот тим би се вклопил совршено во клубот, иако тој не е толку дефанзивно настроен како што мислат некои луѓе“, рече Кин, додавајќи:
„Луѓето можеби размислуваат за неговиот стил на фудбал, но тие постигнаа пет гола против Реал Мадрид минатиот викенд. Не му се допаѓа што неговите тимови примаат многу голови или примаат многу шанси, но тие можат да играат и да се борат.“
Фото/ Принтскрин
Спорт
Прв пат во кариерата Леброн ќе го пропушти отоврањето на сезоната

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сè уште не учествувал на тренингот на тимот, ќе отсуствува дополнителни три до четири недели поради ишијас на десната страна од телото, објави тимот во четврток.
40-годишниот Џејмс ги пропушти првите два натпревари на Лејкерс пред сезоната и сè уште не одработил ниту еден тренинг со соиграчите.
Доколку Џејмс отсуствува три до четири недели, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната против Голден Стејт Вориорс на 21 октомври.
Шамс Чаранија од ESPN оваа недела објави дека Џејмс веројатно ќе ја пропушти целата предсезона, но целта му да биде во тимот за првиот меч во новата сезона.
Џејмс влегува во својата рекордна 23-та НБА сезона, со што ќе го надмине Винс Картер за најдолга кариера во историјата на НБА.
Но, за прв пат во својата кариера, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната.
Откако се приклучи на Лејкерси во 2018/19, Лос Анџелес има скор од 248-171, односно победиле на 59,1 отсто од натпреварите.
Кога не игра, Лејкерси имаат скор од 56-78 (41,8%).
Фото/ Принтскрин