Европа
Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа.
Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот „sede vacante“ (празна столица) и се однесува на период во кој епископското седиште е празно, во овој случај папската столица во базиликата Свети Јован Латерански, катедралната црква на римскиот бискуп и „мајката на сите цркви“.
За време на седисваканцијата, папските овластувања не се пренесуваат на никого. Со Црквата управува Кардиналски совет, но со многу ограничени овластувања пропишани со апостолскиот устав „Universi Dominici Gregis“ на папата Јован Павле II. од 1996 година.
Тројца клучни функционери
Со настапувањето на седисваканција, автоматски им престанува мандатот на сите функционери на ватиканската курија, освен на тројца. Кардиналот камерленго кој управува со државата и имотот на Ватикан во отсуство на Папата и всушност е најважниот ватикански достоинственик во овој преоден период, останува на функцијата (оваа позиција сега ја има ирскиот кардинал Кевин Фарел), по што следи римскиот викар кој во името на папата ја води римската бискупија (италијанскиот кардинал Балдасаре Реина) и Големиот пенитенцијар кој е задолжен за прашањата за простување на гревовите (италијански кардинал Анџело Де Донатис).
Избор на нов папа
Од 15 до 20 дена по смртта на папата се организира избор за нов папа, познат и како конклава.
Во Ватикан пристигнуваат кардинали од целиот свет и почнува еден од најтаинствените избори во светот. Кардиналите се заколнуваат на молк и таинственост.
Право на глас имаат само кардинали помлади од 80 години, а за да биде избран нов папа, треба да има две третини од гласовите.
Додека да не се избере нов папа кардиналите не смеат да ја напуштат конклавата и се практично изолирани од светот. Кардиналите гласаат и по неколкупати, сè додека еден од кандидатите не добие мнозинство од две третини.
По секое гласање, нивните гласачки ливчиња се горат во печка, а на оганот се додава супстанца која предизвикува бел или црн чад и така се известува јавноста дали е избран нов папа.
Доколу не е избран, чадот е црн, кога ќе се избере нов папа – чадот е бел.
По изборот, победникот треба да каже дали ја прифаќа да биде нов папа и кое име ќе го користи како папа.
Новиот папа се облекува во бела облека и излегува на балконот на базиликата Свети Петар каде е пречекан од верниците на плоштадот.
На крај, еден од кардиналите на латински вели „Habemus papam“, односно „Имаме папа“.
Погреб на папата Франциско
Телото на починатиот папа се облекува во бела облека и се носи во неговата приватна капела.
Во меѓувреме, камерлангото има неколку задачи – тој ја пишува посмртницата на папата, заедно со причината за смртта утврдена од лекар.
Треба и да го затвори апартманот во којшто живеел папата бидејќи внатре не смее да влезе никој.
На крај, камерлангото го уништува папскиот прстен со церемонијален чекан.
За погребот, папата се облекува во црвена раскошна облека.
Но Францискo, кој е познат по својата скромност, побара на неговиот погреб да се избегне непотребно трошење.
Уште од 13-тиот век, телото на почнатиот папа секогаш се изложувало на пиедестал во Ватикан за останатите кардинали, свештеници и членови на црковната хиерархија да можат да му додадат почит.
Но, Францискo не сакал да биде глорифициран по смртта, па неговото тело нема да стои на пиедестал пред да биде погребано. Наводно, папата побарал ковчегот да биде ставен во базиликата Свети Петар бидејќи сакал да покаже скромност.
Телото на папата ќе биде однесено до базиликата со поворка. Погребувањето на папата се случува од четири до шест дена по смртта.
Ковчегот се затвора ноќта пред погребот, а лицето на папата се покрива со бел свилен вел.
Во ковчегот се ставаат и монети, како и документ на кој се наведени детали од животот на папата.
Документот се чита на глас, пред да биде затворен во ковчегот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Русија со дронови ја дестабилизира Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири.
Зеленски, во видео обраќање доцна во вторникот, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент.
„Неодамнешните лансирања на беспилотни летала од танкери се еден таков пример“, рече тој, повикувајќи се на разузнавачки информации од украинските надворешни служби.
The Head of Foreign Intelligence reported in detail on how the Russians are utilizing tankers of their “shadow fleet” – not only to finance the war, but also for sabotage and various destabilization attempts in Europe. Recent launches of drones from tankers are one such example.… pic.twitter.com/B09UQo9EZK
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 7, 2025
Официјалните информации за потеклото на беспилотните летала неодамна забележани во земји, вклучувајќи ги Данска и Германија, сè уште не се потврдени.
Русија негираше каква било вмешаност.
Дмитриј Медведев, заменик-шеф на Советот за национална безбедност на Русија, посочи дека самите украински сили би можеле провокативно да користат вакви беспилотни летала за да ја вовлечат Европа во војна против Русија.
Украина, исто така, произведува беспилотни летала со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и дека Москва има целосна стратешка иницијатива на бојното поле.
На состанокот со високи воени команданти, Путин рече дека украинските сили се повлекуваат од фронтот во сите сектори.
Тој нагласи дека Киев се обидува да пука длабоко на руска територија, но дека тоа нема да помогне да се промени ситуацијата во војната што трае повеќе од три и пол години.
„Во моментов, руските вооружени сили целосно ја држат стратешката иницијатива“, рече Путин на состанок во северозападна Русија, според Кремљ.
„Оваа година ослободивме речиси 5.000 километри територија, 4.900 километри и 212 населени места.“
Украинските сили, рече тој, „се повлекуваат по линијата на борбен контакт, и покрај обидите за жесток отпор.“
фото: принтскрин
Европа
Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество во геноцид поврзан со израелската офанзива во Газа.
Во интервју за италијанската телевизиска станица РАИ, Мелони рече дека министерот за одбрана Гвидо Кросето и министерот за надворешни работи Антонио Тајани се пријавени во Меѓународниот кривичен суд и рече дека „мисли“ дека тоа се однесува и на Роберто Чинголани, шефот на одбранбената групација Леонардо.
„Верувам дека нема друг случај во светот или во историјата со вакви обвинувања“, рече Мелони.
Таа не прецизираше кој го поднел случајот против неа и министрите.
Меѓународниот кривичен суд истражува, гони и суди лица обвинети за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.
Италија беше место на серија демонстрации во изминатата недела, при што стотици илјади луѓе излегоа на улиците во знак на протест против масовните убиства во Газа, а многу демонстранти беа насочени кон Мелони.
Нејзината десничарска влада, во голема мера цврст поддржувач на Израел, неодамна се дистанцира од она што го нарекува „несразмерна“ офанзива во Газа, но не прекина никакви трговски или дипломатски врски, ниту ја призна државата Палестина.
Мелони рече дека е „зачудена“ од обвинувањето за соучество во геноцид бидејќи „секој што ја познава ситуацијата знае дека Италија, на пример, не одобрила нови испораки на оружје во Израел по 7 октомври“.
фото: принтскрин