Спорт
(Видео) Папата навиваше за нив, решија стадионот да го именуваат по него
Папата Франциск почина во 7 часот и 35 минути во понеделникот на на 89-годишна возраст во резиденцијата на Ватикан, Каса Санта Марта.
Од средбата со легендарниот сонародник Диего Марадона до неговата страст за неговиот сакан клуб од Буенос Аирес, Сан Лоренцо, папата Франциск беше голем фан на фудбалот и промотор на спортот.
Страста на Франциско за фудбалот стана позната речиси веднаш откако беше избран за папа во 2013 година, кога Сан Лоренцо објави на „Твитер“ фотографија од Франциск како го држи грбот на клубот. Тој беше член на клубот, со сериски број 88.235.
Овој клуб од Буенос Аирес, родниот град на Франциск, го носи прекарот „Светците“.
Сан Лоренцо е еден од најстарите клубови во аргентинската фудбалска асоцијација, а по изборот на Франциск за папа во март 2013 година ја освоија титулата, а една година подоцна и Копа Либертадорес.
По овие успеси, претставници и играчи на клубот го посетија папата во Ватикан, му ги покажаа трофеите и му се заблагодарија за поддршката.
Раководството на клубот планира новиот стадион да го именува по папата Франциск.
Франциско се сретна со Марадона двапати како папа. Марадона имаше прием кај папата во врска со хуманитарен натпревар во март 2014 година, кога легендарниот фудбалер на папата му подари фудбалски дрес со името „Франсиск“ и бројот 10 на Марадона.
„Мислам дека сите сега сфаќаме дека тој е ѕвезда. Јас сум најголемиот фан на паппата Франсиск“, изјави Марадона по нивната втора средба во 2015 година.
Кога Марадона почина во 2020 година, Франсиск му ги посвети своите молитви.
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино изрази сочувство до Римокатоличката црква и потсети на зборовите на папата Франциско дека фудбалот е најубавиот спорт на светот.
Nunca fue uno más y siempre fue uno de los nuestros. Cuervo de niño y de hombre… Cuervo como sacerdote y Cardenal… Cuervo también como Papa…
Siempre transmitió su pasión por el Ciclón: cuando iba al Viejo Gasómetro para ver al equipo del 46, cuando confirmaba a Angelito… pic.twitter.com/nVc8fWC9wi
— San Lorenzo (@SanLorenzo) April 21, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

