Свет
(Фото) Најпознатите средби со папата Франциско
Папата Франциско почина на 88-годишна возраст, а од него сега се простуваат многубројни личности од јавниот живот. Меѓу оние што имаа можност лично да се запознаат со него беа и некои локални и меѓународни ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли, Леонардо ди Каприо, Силвестер Сталоне и многу други.

Леонардо ди Каприо
И светот на филмот и забавата покажаа голем интерес за средба со папата Франциско. Меѓу познатите личности што имаа можност да го запознаат беше и Леонардо ди Каприо, кој се сретна со папата во 2016 година. Причината за нивната средба беше заедничката загриженост за состојбата на животната средина и климатските промени. Ди Каприо, познат по својата вклученост во областа на екологијата, разговараше со папата за важноста од зачувување на планетата.

Силвестер Сталоне
Познатиот актер Силвестер Сталоне, најпознат по улогата во серијалот „Роки“, го посети Ватикан во септември 2023 година, придружуван од семејството. Средбата со папата Франциско беше особено срдечна, а насобраните се шегуваа и беа расположени.

Џорџ Клуни
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, истакната адвокатка за човекови права, се сретнаа со папата Франциско во 2016 година за време на настан во Ватикан посветен на мировното образование.

Анџелина Џоли
Актерката Анџелина Џоли го прикажа својот филм Unbreakable во Ватикан во 2015 година по што накратко се сретна со папата Франциско. Папата Франциско потоа ѝ подари бројници.

Кејти Пери и Орландо Блум
Кејти Пери и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум, се сретнаа со папата во 2018 година на здравствена конференција во Ватикан. Иако Блум беше присутен, средбата беше првенствено за Пери, која го опиша моментот како длабоко духовно искуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Се чувтсвувам како идиот“: Лајчак проговори за контроверзните пораки со Епштајн
Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, изјави дека се чувствува „како идиот“ по објавувањето на новите СМС-пораки во аферата со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
„Искрено, не се сеќавам на тие пораки. Не можам ниту да ги потврдам, ниту да ги негирам. Се чувствувам како идиот“ – рече словачкиот дипломат, откако ги препрочита пораките.
Тој призна дека имал лоша проценка и „несоодветна комуникација“, но негираше вмешаност во какви било кривични дела, нагласувајќи дека пораките биле „само глупави машки разговори“.
Лајчак објасни дека пристигнал во Њујорк во 2017 година на едногодишна функција во Обединетите нации и дека бил запознаен со Џефри Епштајн од страна на висок странски дипломат. Според него, Епштајн бил широко познат и се сретнал со бројни бизнис и политички личности од САД и од странство.
Лајчак рече дека не гледа причина да не се сретне со него, тврдејќи дека воспоставувањето контакти е дел од неговата работа, пишуваат медиумите.
„Зошто јас, човек од Словачка, не би го прифатил тоа? Тој беше вреден контакт“ – рече Лајчак, истакнувајќи дека подоцна дознал за пресудата на Епштајн за сексуален прекршок во 2008 година, но забележал дека многу влијателни личности продолжиле да се дружат со него и по тоа.
Ова, додаде тој, го навело да верува дека „не е проблем да се прави истото“.
– Мојот однос со него се темелел на зборови, а не на дела. Денес ја плаќам цената на комуникацијата и познанството со него – рече Лајчак.
Тој ги осуди злосторствата што излегоа на виделина по апсењето на Епштајн во 2019 година.
Тој, исто така, потврди дека го посетил станот на Епштајн, но рече дека биле присутни и други бизнис и политички личности.
„Немало девојки. Овој дел од животот на Епштајн ми беше непознат. Тој не зборуваше за тоа, а јас не го прашав. Мојата совест е чиста“ – нагласи Лајчак, според написите.
Фото: ЕПА
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
Зеленски: Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави, по новите руски напади врз Украина, дека Русија претпочита да продолжи со нападите отколку да се вклучи во дипломатија.
Во текот на ноќта, две лица беа ранети во руските воздушни напади врз Киев, објавија властите на главниот град.
„Користењето на најстудените зимски денови за тероризирање на населението“ е поважно за Русија отколку дипломатијата, напиша украинскиот претседател на Телеграм.
Тој додаде дека руските сили извршиле напади со „повеќе од 70 ракети и лансирале 450 напади со беспилотни летала“ во текот на ноќта.

