Македонија
ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија, Грција и Бугарија со нова амандманска блокада, велат од Левицaта
Вазалската надворешна политика и националните предавства не можат да доведат да етаблирање во меѓународните заедници на државата. Како што претходно предупредивме, т.н. договори за добрососедство наместо да ги надминат, тие станаа извор на пречки во европските интеграции на Македонија. Ова го потврдува фактот дека на Предлог-извештајот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Македонија се доставени над 300 амандмани, од кои најголем дел од Грција И Бугарија, реагираат од Левицата.
„Иако сите досегашни отстапки по однос на ‘барањата на соседите’ во име на евроинтеграциите биле на максимална штета на македонскиот народ и држава – ЕУ јасно најави дека проширувањето повеќе не е приоритет! Дилетантскиот пазарлак и дефетистичката пасивност од страна на Владата, наместо да ја искористи ситуацијата за водење политика на превенирање од претходно направените штети, таа верно ги следи контурите на вазалство поставени од СДСМ“.
Кога се разобличени лицемерните ставови на ЕУ за интеграцијата на Македонија, Левица велат од партијата, потсетува дека се залага ревидирање и поништување на империјалистичките договори наметнати од Грција и Бугарија направени на наша штета.
„Поаѓајќи до максимата на Маркс дека „Ниеден народ не може да биде слободен, ако угнетува друг народ“, се залагаме за продолжување на евроинтеграциите, но само како еднаков партнер и под еднакви услови како за сите земји членки претходно интегрирани“.
Ја повикуваат владејачката ВМРО-ДПМНЕ која, како што појансуваат, даде осум пратеници од своите редови за промена на името, да престане со бришењето на името Македонија од законската регулатива и државните институции.
Според Левицата, ако евроинтеграциите се заглавени во ќор-сокак, тогаш е неопходно политичките чинители да застанат во одбрана на националните интереси и да побараат етаблирање на меѓународната сцена надвор од наметнатата застарена и западна парадигма и да се приклучат кон тековите на новиот мултиполарен свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

