Македонија
ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ
„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во институциите, на ТВ интервју продолжуваат да го релативизираат нивното минато политички дејствување, нарекувајќи го „експеримент што не успеал“. Но проблемот не е неуспешниот политички експеримент. Проблемот е што пристапот на експериментирање со Албанците продолжува – со реални и опасни последици“, велат од ДУИ.
„Историски, најрепресивните режими во регионот – особено тој на Милошевиќ – ги користеле Албанците од Северна Македонија како инкубатор за тестирање на политики кон „албанското прашање“.
А она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува одвнатре – со Албанци кои молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ.
Денес сме сведоци на нов бран експерименти:
Дали е експеримент обидот за нормализирање на влада без албанско мнозинство, без мандат и без правична застапеност?
Дали е експеримент поставувањето на проруската фигура Стоилковиќ на чело на Охридскиот рамковен договор?
Дали беше експеримент манипулацијата со резултатите од пописот, исклучувањето на дијаспората и намалувањето на процентот на Албанци од 29.3% на 24.5%?
Дали е експеримент оспорувањето на уставноста на Законот за јазиците пред Уставниот суд, за да се види колку долго ќе молчат Албанците?
Дали е експеримент укинувањето на балансерот и оставањето на институциите на милост и немилост на министри и директори со антиалбански ставови?
Дали е експеримент тоа што инспекторите за албански јазик не добиваат плата со месеци, со цел да се откажат и да се демонтира механизмот за спроведување на законот?
Сето ова не е ниту грешка, ниту случајност.
Тоа е модел – тестирање на границата на трпеливост кај Албанците.
Но вистината е дека додека се обидувате да експериментирате со Албанците, вие самите станавте експеримент на еден хибриден политичко-олигархиски блок – коалиција на интереси и темни агенди која ве користи за да го демонтира системот изграден врз еднаквост и соживот.
Овој експеримент ќе пропадне. Како што пропаднале сите претходни. Но овојпат, ќе пропадне заедно со вас“, соопшти ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија и Клиниката за детски болести.
Како што известија преку социјалните мрежи, на сите дечиња им посакаа среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост и што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.
„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, објави вицепремиерот Николоски.

