Контакт

Спорт

Хау повторно ќе го води Њукасл

Објавено пред

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се врати на работното место откако се опорави од пневмонија, соопшти денеска клубот од „Сент Џејмс Парк“.

dobivaj vesti na viber

Хау, пропушти три натпревари поради пневмонија. Од болницата во Њукасл бил отпуштен минатата недела.

Хау викендов ќе биде на клупата на првенствениот натпревар против Ипсвич кој испадна од Премиер лигата.

Во негово отсуство, тимот го предводеа помошниците Џејсон Тиндал и Греам Џонс, а црно-белите победија на два од три натпревари.

Њукасл се бори за место во Лигата на шампионите следната сезона, поточно за место меѓу првите пет екипи на табелата. Четири бода ги делат екипите од третото до седмото место.

На пет кола до крајот, Њукасл е петти на табелата со 59 бодови, еден бод помалку од четвртопласираниот Нотингем Форест и еден бод повеќе од шестопласираните Челзи и Астон Вила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Во Хрватска, шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Објавено пред

Хрватското првенство доби нов заплет во претпоследното коло. Иако се чинеше дека Хајдук нема шанси, тимот од „Пољуд“ со победата над Риека (2:1) останаа во трката за пехарот, но реално со најмали шанси да дојде до неа.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, Риека ја испошти првата меч топка, но и покрај поразот од Хајдук, тимот предводен од клупата од Радомир Ѓаловиќ е сè уште прв фаворит, а ќе има пресметка пред своите навивачи против Славен Белупо во сабота.

Во исто време, Динамо Загреб игра против Вараждин, додека Хајдук ќе патува во Шибеник.

Со оглед на тоа што сите три екипи имаат шанса за шампионската титула, челниците на Хрватската лигасе во проблем, потребно е да се организира доделувањето на пехарите и медалите.

Сепак, постои план. Првиот на трите стадиони да бидат испратени реплики од трофејот и медалите, кои би се користеле за церемонијата, а потоа тие би биле заменети со оригиналните.

Втората опција е спектакуларна, речиси филмска, и вклучува хеликоптер кој, во зависност од резултатите, би го носел трофејот до местото каде што ќе се прославува шампионската титула. Било да е тоа Риека, Загреб или Шибеник.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Фото) Општина Кисела Вода: Кошаркарскиот клуб „Ангели“ повторно на врвот

Објавено пред

Кошаркарскиот клуб „Ангели“ е повторно на врвот. Екипата на Ангели од општина Кисела Вода, во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70, извести Општината.

dobivaj vesti na viber

– Горди сме вечерва. Најгорди! Кошаркарскиот клуб „Ангели“ од Кисела Вода влезе во првата лига! Со својата фантастична игра и срце на терен ја порази екипата на „Соколи“ од Штип. Шампионите ги води огромната волја, не ги запира стравот, а среќата која ја даваат на своите фанови е појадокот од кој се хранат! Така, беше и вечерва. Ви честитам момци! Вие сте доказ дека упорноста и желбата секогаш го даваат најдоброто.

Честитки до целиот тим! Честитам на Вашиот тренер, претседателот на клубот и посакувам да нижите само успеси. А ние како локална самоуправа и јас лично како човек – ќе продолжиме со поддршка на спортот и спортитстите, посебно младите, бидејќи тоа е наша обврска. Само напред, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Спорт

Познати се 23 учесници во ЛШ

Објавено пред

Галатасарај, вчера ја обезбеди шампионската титула, 25. во клупската историја и си обезбеди место во Лигата на шампионите. Претходно 22 екипи обезбедија место во елитата за наредната сезона.

dobivaj vesti na viber

Остануваат многу малку празни места што треба да се пополнат преку националните шампионати. Останува да се види кој ќе ја освои Лига Европа, во среда во финалето ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Тотенхем, кои три клуба од Англија ќе изборат пласман, се чека четвртиот претставник на Италија и еден клуб од Блегија.

Последните седум места ќе ги поплнат клубовите што ќе го поминат низ пеколот во квалификациите.

Клубовите што ќе играат во Лигата на шампионите следната есен се: Ливерпул, Арсенал (Англија), Наполи, Интер, Аталанта (Италија), Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао, Виљареал (Шпанија), Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Борусија Дортмунд (Германија), ПСЖ, Олимпик Марсеј, Монако (Франција), ПСВ Ајндховен, Ајакс (Холандија), Спортинг Лисабон (Португалија), Галатасарај (Турција), Славија Прага (Чешка) и Олимпијакос (Грција).

За потсетување, руските клубови нема да можат да играат во меѓународните купови ниту следната сезона.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Денес при посетата на тренинг центарот во Идризово, каде што беше промовиран новиот пристап за третман на лица прекршители на...

Македонија1 час

Има осомничени за пожарот во куќата на Пандов: Ќе бидат фатени и сторителите и нарачателите, нарачателите се многу важни

Полицијата три недели трага по лицата што ја запалија куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во...

Топ2 часа

Турски државјанин почина во автобус кој превезувал група туристи кон туристичкиот комплекс „Св. Наум“

Вчера во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон...

Македонија3 часа

Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста...

Македонија5 часа

„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети

„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе....

Свет5 часа

Трамп: Меланија и јас сме тажни поради веста за дијагнозата на Бајден

Трамп продолжи да го критикува Бајден дури и по неговото повлекување од претседателската кандидатура во 2024 година, повторувајќи ги обвинувањата...

Европа5 часа

Романците го слават новиот претседател: „Русијо, не заборавај, Романија не е твоја“

Центристичкиот градоначалник на Букурешт во Романија, Никусор Дан, вчера на претседателските избори го победи својот ултрадесничарски, националистички ривал, кој сакаше...

Свет6 часа

Бајден има неизлечив рак на простатата: син му почина од тумор на мозокот на 46-годишна возраст

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која се проширила на неговите...

Европа7 часа

Британската влада: Преговорите со ЕУ влегуваат во завршна фаза

Разговорите за договор меѓу Велика Британија и ЕУ продолжија во текот на ноќта, додека премиерот Кир Стармер се подготвува да...

Свет17 часа

Киев: Русија вечерва ќе тестира моќна ракета, нејзиниот дострел е повеќе од 10.000 км

Русија има намера да изврши тест лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета RS-24 од комплексот „Јарс“ во ноќта меѓу 18 и...

Македонија18 часа

СДСМ: Владата на Мицкоски направи хаос и задолжи три генерации

Опозициската СДСМ денеска со реакција на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неговото признание за слабостите на Владата доаѓа...

Свет19 часа

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата...

Свет21 час

Путин: Ќе ставиме крај на војната под наши услови

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека крајната цел на специјалната воена операција во Украина е воспоставување на долгорочен и одржлив...

Македонија21 час

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема...

Свет23 часа

Папата Лав XIV: Ќе работам на единството, Црквата да биде симбол на мирот во светот

На инаугуративната миса одржана денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, новоизбраниот папа Лав XIV вети дека ќе се залага...

Македонија24 часа

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците,...

Свет1 ден

(Видео) Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Во продолжениот ноќен напад со руски беспилотни летала загина жена во регионот на главниот град Киев и беа повредени најмалку...

Македонија1 ден

Два земјотреси утринава ги разбудија граѓаните на Охрид и на Струга, епицентарот во Пештани

Два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани–Охрид–Струга беа регистрирани рано утринава од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија1 ден

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде...

Македонија1 ден

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Голем број граѓани од различни региони на Македонија утрово пријавија неочекуван прекин на електричната енергија, кој започнал нешто по 5...