Спорт
(Видео) Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Херојот на Лестер, Џејми Варди по 13 години реши да го напушти клубот. Клупската легенда на социјалните мрежи објави дека по завршувањето на сезоната ќе замине од „Кинг Пауер“.
„Навивачи на Лестер, мразам што дојде овој ден, но мораше да дојде. По 13 неверојатни години во клубот со многу успеси, некои падови, но главно најголеми успеси, време е да се откажам. Уништен сум, но мислам дека е вистинското време. Само сакам да ви кажам големо благодарам што ме прифативте како едно од вас. Лестер секогаш ќе биде во моето срце, сигурно ќе го следам во наредните години и се надевам дека клубот ќе биде успешен. Во овој момент ова е мое збогум, но ќе ме видите наскоро, ви благодарам“, рече Варди.
Goodbye to the GOAT 🐐 pic.twitter.com/romej28Kbr
— Leicester City (@LCFC) April 24, 2025
Варди е веќе бесмртен во очите на навивачите на Лестер, кои засекогаш ќе го паметат како херој во шампионската сезона 2015/2016 година. Пет години подоцна, тој ги предводеше „Лисиците“ до трофејот во ФА Купот, зацврстувајќи го својот статус на најголем играч во историјата на клубот.
Варди доби отказ од Шефилд Венсдеј како 16-годишник, па својот фудбалски пат го започна од дното, од најниските лиги, преку Стокбриџ Парк и Халифакс.
Лестер го донесе Варди од аматерскиот Флитвуд за еден милион фунти во 2012 година, а четири години подоцна беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, а во сезоната 2019/2020 беше најдобар стрелец.
Иако го посакуваа најголемите европски клубови, тој и во најтешките моменти им остана верен на „лисиците“, па го водеше тимот минатата сезона кога експресно се врати во Премиер лигата. во втората лига, првенството во претходната сезона 2023/2024 до враќањето во елитата.
По поразот на домашен терен од Ливерпул со 1:0. По овој пораз Лестер и математички ги загуби шансите да остане во елитата.
За „лисиците“ постигна 198 гола на 496 натпревари, а доколку настапи во последните четири кола од тековната сезона ќе го напушти клубот со точно 500 настапи.
Иако во јануари наполни 39 години, Варди нема намера да ја заврши кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA
Спорт
Галатасарај добил покана за НБА Европа

Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа.
„Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“.
„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У
ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата и НБА се одржа во Женева оваа недела. Изминатите неколку недели доаѓаат сè повеќе вести за новото натпреварување.
Во четвртокот, „Јурохупс“ дури објави и информации дека новото натпреварување би можело да започне веќе во 2027 година, дека ќе има 16 екипи, од кои 12 ќе имаат долгорочни договори, додека четири места ќе бидат отворени за квалификации.
НБА планира нови состаноци за следната недела во Лондон, кога треба да се сретнат со потенцијални инвеститори и партнери.
Спорт
(Видео) Дончиќ ја избра најдобрата атмосфера во Европа

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца.
Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток.
Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал.
„Србија, Грција и Турција имаат најдобра атмосфера. Најжешката атмосфера во која играв беше кога му гостувавме на Панатинаикос. Не можев да ги слушнам моите соиграчи. Натпреварот започна и губевме со 20:0.“
Дончиќ ја освои Евролигата со Реал во својата последна сезона во Европа, а потоа беше прогласен за најмлад МВП во историјата на ова натпреварување. После тоа, тој отиде во Далас, а оваа година стана член на Лејкерс.
Luka says Panathinaikos has the best crowd he has ever played at
YT/firstwefeast pic.twitter.com/ys8GsJt9Ci
— Luka Updates (@LukaUpdates) October 9, 2025