Свет
Каде е Кралот Чарлс? Отсуството од погребот на папата Франциско ја откри вековната тајна на британската круна
Додека државни лидери, кралски височества и високи црковни великодостојници денеска му оддаваа последна почит на папата Франциско во Ватикан, отсуството на британскиот крал Чарлс привлече особено внимание и отвори бројни прашања: зошто монархот не присуствуваше на церемонијата?
Иако кралот Чарлс важи за еден од највлијателните светски лидери, неговото отсуство не е случајно – тоа е диктирано од вековна традиција и строги црковни протоколи што датираат уште од времето на кралот Хенри VIII. Како врховен поглавар на Англиканската црква, британскиот монарх не може да учествува на настани организирани од Римокатоличката црква во својство на крал.
Историските корени на овој став водат до 1534 година, кога кралот Хенри VIII ја основа Англиканската црква поради одбивањето на папата Климент VII да му дозволи развод. Оттогаш, секој британски владетел го носи статусот Врховен гувернер на Англиканската црква, а надбискупот на Кентербери е нејзин главен духовен водач.
Иако кралот Чарлс во минатото лично се сретнал со папата Франциско, неговото отсуство од денешната церемонија е во согласност со долгорочната политика на британската круна. Истата практика ја следеше и кралицата Елизабета II, која никогаш не присуствуваше на погреб на папа.
Во 2005 година, за време на погребот на папата Јован Павле II, тогашниот принц Чарлс присуствуваше како личен претставник на кралицата, непосредно пред сопствената венчавка со Камила. Овојпат, пак, кралското семејство одлучи да го почитува традиционалниот протокол, па на церемонијата во Ватикан присуствуваше принцот Вилијам.
Вреди да се напомене дека кралот Чарлс беше последниот светски лидер кој се сретна со папата Франциско, само две недели пред неговата смрт, за време на државната посета на Италија. Со својата одлука да не присуствува, кралот уште еднаш ја истакна автономијата на Англиканската црква и важноста на почитувањето на историските традиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

