Спорт
Асефа постави светски рекорд на маратон

Тигст Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон, откако победи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа. Асефа, освојувачка на сребрен медал на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните неколку километри откако двете поставија исто темпо од самиот почеток.
Со денешниот резултат таа го подобри претходниот рекорд од 2:16,16, кој минатата година во Лондон го постави Перес Јепчирчир од Кенија. Џепкосгеи беше втора со време од 2:18,44, додека актуелната победничка на олимпискиот маратон, Сифана Хасан од Холандија, беше трета со време од 2:19,00.
Во машка конкуренција, Кениецот Себастијан Саве славеше завршувајќи ја трката со повеќе од една минута предност пред Џејкоб Киплимо од Уганда. Саве, кој го победи на маратонот во Валенсија пред четири месеци, ја помина целта по 2 часа, 2 минути и 20 секунди.
Јакоб Киплимо од Уганда, кој го собори светскиот рекорд во полумаратон во февруари, беше втор во своето деби во маратонските трки со време од 2:03,37, додека минатогодишниот победник Александар Мутисо Муњао заврши на третото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин