Спорт
Гостивар го напушти теренот, се огласи ФФМ: Нема да дозволиме уцени и притисоци

Фото/ makfudbal.mk
Во минатото коло Воска спорт го напушти теренот, во ова тоа го направијафудбалерите на Гостивар. Натпреварот Гостивар – Работнички не го дочека крајот, бидејќи домашните фудбалери го напуштија теренот во 85.минута, веднаш по голот на „романтичарите“ за 1:2.
Инаку, главниот судија во записникот напишал дека уште пред почетокот на натпреварот бил предупреден дека Гостивар ќе го напушти теренот доколку го загубат натпреварот.
По повод најновиот скандал со соопштение се огласи и Фудбалската федерација на Македонија.
„На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар.
ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот.
Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите.
Вистината е документирана: во официјалниот записник е наведено дека уште предвреме претставник на ФК Гостивар ги известил судиите дека екипата ќе се повлече доколку резултатот не биде во нивна корист.
Овој чин е смислен и намерен обид на одредени поединци кои поради финансиски побуди и неисполнети очекувања, избираат на најгруб начин да ја манипулираат јавноста и да ја деградираат фудбалската сцена.
Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше најавено расчистување со криминалот и корупцијата во македонскиот фудбал се директна причина за оваа срамна постапка.
Тие кои со години беа навикнати на привилегии, денес, кога владеат правилниците, транспарентноста и фер-плејот, не можат да функционираат во регуларен систем.
И покрај оваа неодговорна и кукавичка постапка, ја уверуваме јавноста дека регуларноста на Прва МФЛ нема да биде нарушена. Првенството ќе продолжи по правилата и прописите од натпреварувањето.
Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот ќе бидат целосно исчистени.
Фудбалската федерација на Македонија нема да дозволи уцени и притисоци.
Напротив – ФФМ ќе излезе уште посилна од овие координирани подземни постапки што интензивно се случуваат во последните денови.
Воска и Гостивар нема да бидат тие што ќе го валкаат македонскиот фудбал. Тие не го создале овој фудбал за да имаат право да го уништуваат. Секако, ќе завршат таму каде што навистина заслужуваат.
Нашата борба за чист фудбал нема враќање назад. Одиме до крај за регуларен, чесен и достоинствен македонски фудбал!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленокс Луис ги избра петте најдобри боксери на сите времиња

Ленокс Луис се смета за еден од најголемите имиња во тешка категорија во историјата на боксот. Иако има два порази со нокаут во кариерата, тој успеа да им се одмазди на двајцата борци кои го победија, постигнувајќи вкупно 41 професионална победа. За време на неговата импресивна кариера, поранешниот освојувач на златен олимписки медал се соочи со некои од најголемите легенди во тешка категорија, а неговата борба со Мајк Тајсон е сè уште еден од најпрофитабилните мечеви на сите времиња, пишува „Bloody Elbow“.
Во неодамнешно видео објавено на Инстаграм, Луис го откри својот личен список на петте најдобри боксери во историјата. Интересно е што тој не вклучи ниту еден боксер против кого се натпреварувал, како што се Мајк Тајсон или Евандер Холифилд, иако забележа дека би „се ставил во иста соба со тие борци“.
На врвот на својата листа, Луис очекувано го стави Мухамед Али, чиј прекар „Најголемиот“ совршено го опишува неговото наследство. Заедно со Али, листата вклучува уште четири легенди кои ги дефинираа своите епохи:
Џек Џонсон – првиот црн светски шампион во тешка категорија (1908 – 1915).
„Чудото“ Марвин Хаглер – легендарен борец во средна категорија кој ги победил великаните како Томас Хернс и Роберт Дуран.
Џорџ Форман – поранешен двократен светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен олимписки медал.
Џо Луис – сопственик на најдолгото владеење со титулите во историјата на боксот, кое траело 11 години и 8 месеци.
Спорт
Интер оствари рекорден приход

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот.
Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од 464 милиони во првата сезона на Роналдо.
Рекордните приходи на Интер се резултат на зголемените приходи од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото издание на проширеното Светско клупско првенство. Во исто време, имаше зголемување на комерцијалните приходи од спонзорства и натпревари.
Интер ја затвори финансиската година со нето добивка од 35,4 милиони евра, во споредба со загуба од 35,7 милиони евра во претходната финансиска година. Интер ја заврши рекордната финансиска година без трофеј.
Во финалето на Лигата на шампионите загуби од ПСЖ, во Серија А беше втор од Наполи, во Купот на Италија испадна во полуфиналето против градскиот ривал Милан, „росонерите“ беа подобри и во финалето на Суперкупот на Италија, додека на клупскиот Мундијал клубот загуби од Флуминензе.
Спорт
Детали го делат Бенитез од клупата на Панатинаикос

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка.
Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2.
Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на привремениот тренер Христос Контис и забележа голема победа во Лигата на Европа против Јанг Бојс (4:1), но во клубот, и покрај очигледниот напредок, бараат ново, по можност звучно име за клупата.
Според грчките медиуми, изборот паднал на тренерот кој ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година, две титули во Ла Лига и Купот на УЕФА со Валенсија и Лигата на Европа со Челзи.
Истите извори наведуваат дека Бенитез пристигнал во Атина со приватен авион во четврток наутро за финални преговори со челниците на клубот и најверојатно за потпишување на договорот.
Наводно, Панатинаикос му нуди дури пет милиони евра само за едногодишна соработка.