Свет
Новиот национален план на Полска: целта е воена и економска доминација во Европа
Полска претстави нов национален план за да обезбеди посилна војска од кој било од своите соседи, според медиумите во регионот.
„Нашата армија мора да биде способна да ја одбие секоја закана“, изјави премиерот Доналд Туск, објави британскиот „Телеграф“.
Туск исто така рече дека планот ќе има три главни цели: Полска да има најсилна армија во регионот, најсилна економија во регионот и силна позиција во Европската Унија.
„Подготвени сме да ја изградиме најсилната армија во овој дел од светот. Го правиме ова заедно, без оглед на нашите верувања“, додаде тој.
Премиерот не прецизира што подразбира под најсилна армија или економија ниту, пак, беше јасно дали смета дека Варшава треба да биде воено посилна од Русија, со која дели граница од 210 километри.
„Постои одредено ниво на стратешка неизвесност за тоа што сака Полска – тоа ќе ги остави Русите во неизвесност“, вели Натали Фогел, истражувачки соработник на IWP.
Полска, која троши 4,7 проценти од својот БДП за одбрана, веќе има трета најголема војска во НАТО, по програмата за брзо вооружување го удвојува бројот на војници за само десет години. Туск рече дека новата доктрина ќе ја зајакне прозападната ориентација на земјата.
Од 2023 година полските домаќинства имаат повисоки приходи од шпанските домаќинства, а некои предвидувања покажуваат дека до 2030 година тие ќе ги престигнат и британските домаќинства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

