Македонија
ССНМ со крводарителска акција по повод 3 Мај – Светскиот ден за слобода на медиумите
Солидарноста и здружувањето се основа на борбата за слобода на медиумите и за професионално новинарство како чувар на јавниот интерес е пораката која Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја испрати денеска од крводарителската акција со која го одбележа 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
Со поддршка и во соработка со Здружението на новинари на Македонија и Црвен Крст на Град Скопје денеска (30.04.2025) поголем број на новинари и медиумски работници, но и граѓани донираа крв на повеќе локации и тоа во просториите на Дневен центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје (ДХО Даре Џамбаз), како и во Клиничките центри во Штип и Битола.
ССНМ трета година по ред го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со крводарителска акција со што се приклучува на глобалното одбележување организирано од УНЕСКО, како и на Меѓународната федерација на новинари.
УНЕСКО го одбележува овој ден под слоганот „Известувањето во новиот храбар Свет – Влијанието на вештачката интелигенција врз слободата на медиумите“ со тоа укажувајќи на низата предизвици со кои се соочуваат медиумите и новинарите како резултат на брзиот технолошки напредок кој има сериозно влијание како врз известувањето, така и врз развојот на демократските процеси.
Претседателот на ССНМ, Павле Беловски рече дека новинарите во Македонија работат во тешки услови, под сериозни притисоци, закани и напади, како и со ниски примања и сериозни предизвици поврзани со социо-економската состојба.
„Само солидарни, општествено свесни новинари и медиумски работници може да бидат чувари на јавниот интерес и професионално да ја известуваат јавноста што е основ за развој на едно демократско општество. Остануваме на констатацијата дека во овој нов свет само професионално и етичко новинарство може и е најдобрата одбрана против дезинформациите и лажните вести. Бидејќи утре е 1 Мај, денеска нема да зборувам многу за состојбата на новинарите и медиумските работници, но денес во Македонија иако навидум постои слобода на изразување таа е под сериозни суптилни закани кои произлегуваат од притисоци од центри на моќ, лоша финансиска состојба во која се наоѓаат медиумите, развој на медиумски пустини во голем дел од територијата на државата, закани за новинарите и медиумските работници, особено во онлајн просторот“, рече Беловски.
Тој додаде дека со оваа акција сакаме да покажеме дека „новинарите и медиумските работници се еден важен дел од ова општество, дека се солидарни и дека го чувствуваат гласот на обезмоќените, на граѓаните“.
„Сакаме исто така овогодинешната акција да ја посветам на солидарноста, на здружувањето и емпатијата и со неа да искажеме почит кон жртвите во трагедијата која минатиот месец се случи во Кочани“, рече Беловски.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски исто така се осврна на условите во кои работат новинарите и додаде:
„Новинарството е професија што има една посебна мисија, да го штити јавниот интерес, и да биде совеста и гласот на заедницата. Денеска, со оваа крводарителска акција, испраќаме силна порака – дека сме тука едни за други“, рече Чадиковски.
Александра Валкановска, од Црвен Крст на Град Скопје се заблагодари за хуманата акција означувајќи ја работата на новинарите и медиумските работници како важен елемент во општеството.
„Убав е начинот со кој што го одбележувате денот. Навистина радува што ја препознавте хуманоста, солидарноста, поддршката на другите преку чинот на дарување крв на денот на кој е ваш, на новинарите, слободата на медиумите и сите вие членови на синдикатот на медиумски работници“, рече Валкановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

