Црна хроника
Исчезнаа две девојчиња од Скопје на возраст од 11 и 14 години, случајот пријавен во МВР

Две девојчиња на возраст од 11 и 14 години исчезнаа во Скопје.
Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вчера казнети 132 возачи кои биле под дејство на алкохол а 114 без возачка дозвола

Во текот на вчерашниот празничен ден (01.05.2025), а како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци биле за возачи кај кои после алкотестирање било утврдено недозволено количество на алкохол во крвта. Воедно биле откриени и 114 учесници во сообраќајот кои што немале возачка дозвола.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што говореле на мобилен телефон при возење, соопшти МВР.
Согласно Законот за возила, 24 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а четири возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.