Спорт
Аморим: Не ја разбирам оваа еуфорија

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по големиот триумф на неговиот тим (0:3) над Атлетик Билбао во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, се обува да ја смири еуфоријата што владее меѓу играчите и навивачите.
Тој им рече на новинарите дека не смее да им дозволи на играчите да мислат дека веќе обезбедиле место во финалето бидејќи една лоша ситуација во реваншот може целосно да го промени текот на настаните.
„Ништо не е завршено. Не ја разбирам оваа еуфорија додека не обезбедиме место во финалето. Едноставно не можеме повеќе да си дозволиме тоа“, рече Аморим, а потоа продолжи:
„Она што го направивме вечерва, постигнавме три гола, тие можат да го сторат истото во реваншот на „Олд Трафорд“, а потоа ситуацијата се одвива во сосема поинаков тек. Може да се случи еден старт, жолт картон, исклучување или продолженија. Тоа се сите реални ситуации во фудбалот, ако се опуштите.“
Реваншот Јунајтед и Атлетик ќе го одиграат на 8.мај во Манчестер. Втората полуфинална двоја е Тотенхем-Бодо/Глимт. Англискиот тим вчера го доби првиот меч со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.