Свет
Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар, Фридрих Мерк.
„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави „Ројтерс“.
Германскиот канцелар исто така рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да може да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.
Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.
Како што е најавено, Мерц, по Франција, ќе ја посети Полска, а набргу е планирана и посета на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Европа
Американски генерал: Руската армија е поголема денес отколку кога ја започнаа војната во Украина

На НАТО ќе му требаат повеќе ракети со долг дострел во својот арсенал за да ја одврати Русија од напад врз Европа, бидејќи се очекува Москва да го зголеми производството на оружје со долг дострел, изјави американскиот генерал Џон Раферти за Ројтерс.
Ефикасната употреба на ракети со долг дострел од страна на Русија во војната во Украина ги убеди западните воени претставници за нивната важност за уништување на командни пунктови, транспортни центри и лансери за ракети длабоко зад непријателските линии.
„Руската војска е поголема денес отколку кога ја започнаа војната во Украина“, рече генерал-мајор Раферти во интервју во американската воена база во Висбаден, Германија. „Знаеме дека тие ќе продолжат да инвестираат во ракети со долг дострел и софистицирана воздушна одбрана. Затоа поголемите капацитети на алијансата се навистина, навистина важни.“
Војната во Украина ја истакна големата зависност на Европа од Соединетите Држави за снабдување со ракети со долг дострел, бидејќи Киев се обидува да ја зајакне својата воздушна одбрана.
Раферти неодамна го заврши својот мандат како командант на 56-та артилериска команда на американската армија во германскиот град Мајнц-Кастел, која се подготвува за привремено распоредување на американски ракети со долг дострел на европско тло од 2026 година.
На состанокот со американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во понеделник, се очекува германскиот министер за одбрана Борис Писториус да се обиде да разјасни дали ваквите распоредувања, договорени меѓу Берлин и Вашингтон кога Џо Бајден беше претседател, ќе бидат имплементирани сега кога Доналд Трамп се врати во Белата куќа.