Спорт
(Видео) ПСЖ повторно го победи Арсенал и закажа финале со Интер

ПСЖ втор пат во последните пет сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. „светците“ и во реваншот го победија Арсенал (2:1) и со вкупен резултат 3:1 се пласираа во финалето. Таму на 31.мај во Минхен ги чека Интер.
Арсенал шансите за победа ги пропушти во првите 15 минути од натпреварот, кога силно го притиснаа противникот. Големи панси имаа Рајс, Мартинели и Едегард, но од тие ситуации како победник излезе голманот на ПСЖ, Донарума.
ПСЖ возврати во 16.минута, ударот на Кварацхелија заврши во стативата. По половина час игра, ПСЖ поведе со голот на Фабијан Руиз. Шпанецот на одбиената топка од Парти прв тргна, во приемот се ослободи од својот чувар и од 16 метри со полуволеј го совлада Раја.
До крајот на полувремето две големи панси за ПСЖ, кои не ги реализираа Дезире Дуе и Баркола.
Во вториот дел, ПСЖ доби пенал во 68.минута. Витиња помалку несериозно го изведе, а Раја го одрани неговиот удар. Само четири минути подоцна, Хакими погоди на сличен начин како Руиз.
Арсенал до крајот само успеа да го ублежи поразот со голот на Сака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Балде закрепна од повреда пред ел класико

Фудбалерот на Барселона, Алехандро Балде (21), се опорави од повреда и ќе се биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во недела, објави шпанскиот спортски весник „АС“.
Балде го повреди левиот бутен мускул пред три недели, поради што го пропушти финалето на Купот на Кралот и победата од 3:2 над Реал Мадрид во продолженијата, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампионите каде што Барселона беше елиминирана од Интер.
Според „АС“, Балде нема да биде во почетниот состав на Барселона во недела кога каталонскиот клуб ќе го пречека Реал Мадрид во 35-то коло од Ла Лига, но ќе му биде на располагање на тренерот Ханси Флик.
На четири кола до крајот на Ла Лига, Барселона го пречекува Реал Мадрид со четири бода предност и, доколку не загуби, ќе има отворен пат до освојување на титулата.
Балде одигра 42 натпревари за Барселона во сите натпреварувања оваа сезона, од кои 37 како стартер.
Спорт
Кеш и Дарвин Нуњез за Хулијан Алварез

Англискиот шампион Ливерпул се распрашува за најдобриот играч на Атлетико Мадрид оваа сезона, Хулијан Алварез. Аргентинецот минатото лето пристигна на „Метрополитано“ за сума од 75 милиони евра, плус 20 милиони што Манчестер сити може да ги добие преку потенцијалните бонуси.
Алварез досега одигра 51 натпревар за „јорганџиите“, постигна 27 голови и забележа пет асистенции.
Наводно, Ливерпул е подготвен да го испрати во Мадрид, Дарвин Нуњез и да доплати за да го обезбеди потписот на Алварез.
Спорт
Мекинли Рајт – МВП на АБА-лигата

Кошаркарот на Будуќност, Мекинли Рајт, го доби трофејот „Дејан Милојевиќ“ како најкорисен играч (MВП) од регуларниот тек на АБА лигата.
Американецот победи со 39,1 процент од гласовите пред неговиот клупски соиграч Кенан Камењаш (26,8 проценти) и Брајс Џонс (Игокеа, 23,9 проценти).
Рајт оваа сезона имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока, 4,9 асистенции и една украдена топка.
Претходни победници:
2014/15 Никола Јокиќ (Мега);
2015/16 Миро Билан (Цедевита);
2016/17 Никола Јанковиќ (Олимпија);
2017/18 Лука Жориќ (Цибона);
2018/19 Гога Битадзе (Иднина);
2020/21 Филип Петрушев (Мега);
2021/22 Никола Калиниќ (Црвена звезда);
2022/23 Лука Божиќ (Задар);
2023/24 Лука Божиќ (Задар);
2024/25 Мекинли Рајт (Будуќност).