Спорт
Луис Енрике: Ние играме во селска лига, затоа ги уништивме Англичаните

ПСЖ избори пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако го победи Арсенал во реваншот на домашен терен. По победата 1:0 во Лондон, ПСЖ славеа со 2:1 на својот стадион и влезе во натпреварот за титулата. Таму ги чека Интер, а финалниот меч ќе се игра на 31 мај во Минхен.
Тимот од Париз победи четири англиски тима на патот до финалето. Во лигата, тој го победи Манчестер Сити со 4:2. Потоа ги доби сите три нокаут рунди против тимови од Премиер лигата, ги елиминираше Ливерпул во осминафиналето, Астон Вила во четвртфиналето и Арсенал во полуфиналето.
Луис Енрике, тренерот на ПСЖ, имаше интересен коментар за тој подвиг по натпреварот:
„Ги победивме сите четири клуба од Премиер лигата против кои игравме во Лигата на шампионите? Ние сме од селска лига, знаете? Ние сме од селска лига.“
Тренерот на ПСЖ одговори на ова прашање саркастично бидејќи во Англија француската лига честопати потценувачки се нарекува Лига на фармери, со цел да се нагласи дека не е конкурентна или силна и дека е непривлечна, полна со анонимни клубови и играчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
БиХ избори осминафинале на Евробаскетот

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство.
Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа.
Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, избраниците на поранечниот македонски селектор, Александар Џикиќ, не постигнаа ниту еден поен, противникот направи серија 9:0 и го реши мечот.
Грузија и покрај поразот се уште има шанса за пласман во нокаут фазата, , вечерва од 20.30 часот Грција треба да ја победи Шпанија.
Најдобри кај БиХ беа Јусуф Нуркиќ со 15 поени и 12 скока, Џон Роберсон додаде 15 со пет асистенции, а Александар Лазиќ имаше 13 поени.
За Грузија, Сандро Мамукеласвили постигна 20 поени со осум скока, Камар Болдвин постигна 18, а Гога Битадзе имаше 15 поени и пет скока. Целосно потвфрли најдобриот грузиски играч, Токо Шенгелија со шест поени, пет скока и четири асистенции.
Foto/ FIBA
Спорт
Левандовски одбил плата од 100 милиони евра за сезона

Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски.
За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во Саудиска Арабија, Полјакот рекол : Не.
„Мундо Депортиво“, повикувајќи се на неименуван поратал од Саудиска Арабија, објави дека понудата за Левендовски била 100.000.000 евра фиксно, плус бонуси, само за една година од договорот.
Левандовски е решен да ја нападне Лигата на шампионите со Барселона и да се обиде да ја одбрани титулата во Шпанија.
Зад оваа можност стои Пини Захави, влијателен менаџер, кој со години ја води кариерата на поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд и Баерн, кој, како што се истакнува понатаму во текстот, ги поканил саудиските клубови повторно да се обидат во јануарскиот преоден рок или можеби следното лето.
Полјакот, Левандовски има договор со Каталонците до јуни 2026 година, со можност за обновување до летото 2027 година.
Foto/ EPA
Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин