Македонија
Општина Ѓорче Петров објави јавен оглас за доделување финансиски средства за поддршка на проекти од областа на културата
Општина Ѓорче Петров објавува јавен оглас за доделување финансиски средства за поддршка на проекти од областа на културата и невладиниот сектор за 2025 година, согласно Програмата за култура на општината.
Право на учество имаат:
Здруженија од областа на културата;
Автори, уметници, правни и физички лица со седиште или живеалиште во Ѓорче Петров;
Лица кои патуваат или настапуваат во странство со официјална покана или друг релевантен доказ;
Организации и поединци надвор од општината, доколку активноста се реализира на територијата на Ѓорче Петров.
Пријавувањето се врши со доставување на потребната документација, која вклучува пополнета апликација, биографија или историјат, програма и акциски план за 2025 година, финансиски план, документи од Централниот регистар (не постари од 6 месеци), потврда за активна жиро сметка, како и детална програма за реализација на проектот.
Апликантите кои претходно добиле финансиски средства од Општина Ѓорче Петров во 2024 година се должни да приложат и финансиски извештај за нивната реализација.
„Поддржаните проекти треба да придонесат кон афирмација на македонското културно творештво и промоција на Општина Ѓорче Петров.
Сите информации и документи потребни за аплицирање се достапни на следниот линк:
https://opstinagpetrov.gov.mk/2025/05/07/јавен-оглас-за-доделување-на-финансис-2
Општина Ѓорче Петров ги охрабрува сите заинтересирани да се вклучат и да придонесат кон збогатување на културната сцена во нашата општина“, е истакнато во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

