Црна хроника
Се заглавил во машина за бетон во Кратовско: загина работник од Бангладеш, кривична за сопственикот на фирмата

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со „предизвикување општа опасност“.
Пријавениот, сопственик и управител на правно лице од Гостивар, преку фирма од Бангладеш ангажирал двајца работници од Бангладеш без работна дозвола, без извршен систематски здравствен преглед, како и без обука за безбедност и здравје при работа.
На 06.02.2025, додека работеле на објект во с.Кетеново, кратовско, едно од лицата, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, 25-годишната М.П. од Гевгелија пријавила дека на нејзината влезна врата тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од затвор, заедно со Л.Г.
Од пријавата произлегува дека двајцата се заканувале, а младата девојка слушнала и репетирање на огнено оружје.
Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и извршиле преглед. Во ормарот за чевли бил пронајден пиштол без рамка. При извршеното алкотестирање кај поранешниот партнер биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле приведени, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.