Свет
ЕУ: Не ги сакаме руските енергенти, дури ни кога ќе биде потпишан мировниот договор
Европската Унија нема намера да го оживее увозот на руски енергетски производи, дури и по потенцијалниот мировен договор меѓу Украина и Русија, изјави европскиот комесар за енергетика, Ден Јоргенсен, пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ во Варшава.
„Повеќе нема да дозволиме енергијата да се користи како оружје против нас. Нема индиректно да му ги полниме воените каси на Путин. Донесовме одлука да го прекинеме увозот на руска енергија“, рече Јоргенсен нагласувајќи дека ова е клучно за безбедноста на Европа и солидарноста со Украина.
Тој нагласи дека одлуката на ЕУ не зависи од тековните меѓународни преговори за прекин на војната во Украина и дека ќе остане во сила дури и по воспоставувањето мир, пренесува „Ројтерс“.
„Ова е многу јасен сигнал. Не сакаме руска енергија сега, ниту ќе ја сакаме во иднина“, додаде европскиот комесар.
На 6 мај Европската комисија презентира патна карта за постепено укинување на зависноста од руските енергетски извори.
Планот вклучува правни механизми за раскинување на долгорочните договори со руските добавувачи и предвидува целосно прекинување на увозот на руски гас до 2027 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

