Македонија
(Видео) Манасиевски: Дали Филипче во моментот е во Дубаи влезен со златната виза заедно со Заев за приватен бизнис
Откако неколку денови го прашуваме директно на прес-конференции Филипче, за потеклото на неговата виза, тој сиве овие денови не бил тука, туку во Дубаи? Венко Филипче вчера далеку од тука, најверојатно уживајќи на грчките плажи или пак на увид на градежни активности на 50катница во Дубаи, заедно со својот партнер и ментор Заев пишуваше фејсбук статуси за памфлетот од Закон за настраданите од Кочани, за кои што морам да потенцирам дека Владата презема дури двојно од мерките кои СДС ги нуди со законот, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, Венко Филипче по информација добиена од свиркачи, на 10.05.2025 е излезен од Македонија на граничниот премин Богородица, одејќи во Грција. Оттука, го прашуваме Филипче, дали е точна информацијата дека од Солунскиот аеродром се упатува кон Дубаи со златната виза? Дали Филипче е во Дубаи на увид со Заев на изградба на 50катница или можеби некој друг бизнис?
Македонската јавност заслужува одговор, за тоа каде е Венко Филипче? Затоа ли имавме молк од 5 дена?
Додека тој ужива во украдените пари, лицемерно поднесува Закон за настраданите од Кочани, на којшто не ни присуствува“, вели Манасиевски.
Филипче, како што додава, е само обичен лицемер, лажго и манипулатор.
Според него, Филипче и СДС се синоним за криминал, корупција и предавства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

