Европа
(Видео) Украинците го нападнаа Крим со дронови: експлозии одекнуваат, руско складиште за муниција во пламен
Пожар избувна утрово во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим по серија експлозии предизвикани од напади со украински беспилотни летала, објави „Киев индепендент“.
126. независна бригада за крајбрежна одбрана на руската Црноморска флота наводно е стационирана во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот.
Crimean Wind објави снимки направени од локалното население, на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации на Крим.
A long night for Russian forces. Massive explosions rocked a military ammo depot in occupied Crimea — fires and detonations still ongoing in Perevalne, road to Simferopol closed. Losses reported in the 126th Brigade & 8th Artillery Reg.
Meanwhile in Podolsk, Russia — an… pic.twitter.com/6hckmz32Se
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) May 16, 2025
Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол.
Украинските власти сè уште официјално не го коментираа нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.
За време на војната Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околните области значително ослабувајќи ја руската Црноморска флота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина
Полски и сојузнички авиони полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на полската граница, соопштија вооружените сили на членката на НАТО.
„Парови борбени авиони за брза реакција и авион за рано предупредување беа подигнати во воздух, додека системите за воздушна одбрана и радарска контрола беа ставени на највисоко ниво на готовност“, соопшти Оперативната команда во објава на социјалната мрежа Икс, објави Ројтерс.
Во 05:00 часот по централноевропско време, речиси целата територија на Украина беше под воздушна тревога откако украинските воздухопловни сили предупредија за нови руски ракетни и беспилотни летала напади.
фото: принтскрин
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин

