Свет
(Видео) 11 опасни и вооружени криминалци побегнаа од затвор во Њу Орлеанс

Единаесет затвореници кои се сметаат за вооружени и опасни, избегале од затвор во Њу Орлеанс, Луизијана, во вторникот, а еден од нив е уапсен, соопшти канцеларијата на шерифот.
Во соопштението се вели дека е во тек целосна операција на пребарување и дека секој што им помогнал на затворениците да избегаат ќе биде повикан на одговорност.
Исчезнувањето на затворениците било забележано за време на рутинско пребројување во затвор во Њу Орлеанс, објави телевизијата ABC.
🚨 WILD ESCAPE: 11 INMATES BREAK OUT OF ORLEANS JAIL THROUGH TOILET HOLE 🚽🕳️
In a jaw-dropping jailbreak, 11 inmates escaped by crawling through a hole under a toilet — and left a note behind: “Too easy, LOL.”#OrleansJail #Jailbreak #TooEasy #BreakingNews #PrisonEscape #USA… pic.twitter.com/2Sd6tT6qV3
— ViralNewsHQ™ (@viralposts2323) May 17, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Дете (2) паднало од 15 кат во Вашингон и преживеало

Двегодишно момче паднало од 15 ти кат на облакодер во близина на главниот град на САД, Вашингтон, и преживеало, објавија американските медиуми.
Падот од балконот на станот наводно бил ублажен од грмушки на земја, според портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, Мериленд.
Не е јасно како се случила несреќата.
„Покрај тоа, тој е сè уште многу мало момче, што веројатно помогна“, изјави портпаролот на телевизиската станица АБЦ.
„Неговата возраст, големина и тежина се она што навистина помогна, бидејќи ако беше потежок, можеби немаше да преживее… Мислам дека тоа беше комбинација од таа грмушка што беше таму, таа грмушка и неговата големина и тежина“, рече портпаролот на противпожарната служба.
Момчето си ја скрши раката при падот. Како се случила несреќата сè уште е нејасно.
Свет
Русија бара Украина да се повлече од своите територии, инаку нема мир

Русија на преговорите за мир во Истанбул побарала Украина целосно да ги повлече своите сили од сите окупирани територии пред да се согласи на прекин на огнот, открива украински висок функционер вклучен во процесот.
Според истиот извор, ова е еден од клучните услови што руските претставници ги изнеле усно, но кои излегуваат надвор од рамката на нацрт-договорот кој минатиот месец беше предложен од САД, по консултации со Москва.
Првите директни разговори по речиси три години завршија без договор за прекин на огнот, а единствениот резултат беше договор за размена на воени заробеници.
Русија, освен повлекување на украинските сили од Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, побарала и меѓународно признавање на анектираниот Крим, како и на останатите четири региони како дел од руската територија. Во американскиот предлог, ваквото барање е делумно разгледано – со „де јуре“ признавање на Крим и „де факто“ признавање на руската контрола во делови од останатите региони.
Како трет услов, Москва инсистира сите страни да се откажат од барањата за воена отштета, додека САД, според украинските власти, продолжуваат да поддржуваат компензација за Украина.
„Оваа преговарачка позиција покажува дека Русија нема сериозна намера да постигне мир“, изјави украинскиот функционер, оценувајќи дека Москва ја користи дипломатската платформа за одолговлекување.
Украина и нејзините европски сојузници веќе подготвиле алтернативен предлог, според кој најпрво би се воспоставил прекин на огнот, а потоа би се отвориле разговори за политички и територијални прашања во подоцнежна фаза.
Во меѓувреме, Киев и европските лидери бараат американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нов бран санкции против Русија поради, како што велат, намерната опструкција на мировниот процес.
Свет
Израел е канцероген тумор, мора да се искорени, порача Хамнеи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска упати жестоки обвинувања на сметка на Израел, нарекувајќи ја државата „опасен, смртоносен канцероген тумор“ кој, според него, треба да биде целосно искоренет од Блискиот Исток.
„Без сомнение, во овој регион, изворот на корупција, војна и конфликт е ционистичкиот режим – опасен, смртоносен канцероген тумор – и тој мора да биде искоренет, и ќе биде искоренет“, изјави Хамнеи, пренесуваат британските медиуми.
Според него, Израел претставува корен на дестабилизација во регионот, со постојано поттикнување на тензии и насилства. Оваа изјава доаѓа во време на засилени тензии меѓу Техеран и Тел Авив, како и на зголемениот дипломатски ангажман на САД на Блискиот Исток.
Хамнеи упати критики и кон американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ги неговите изјави за Иран недостојни за одговор.
„Тоа што го зборува Трамп не е вредно за коментар. Тој лаже кога вели дека сака мир, а во исто време се заканува со ‘нешто многу лошо’ ако Иран не одговори на американските предлози за нуклеарната програма“, додаде иранскиот лидер.
Изјавите доаѓаат по посетата на Трамп на земјите од Заливот, каде што ја повтори својата тврда реторика кон Иран, обвинувајќи го режимот во Техеран за дестабилизација на регионот и поддршка на тероризмот.