Свет
(Фото/Видео) Телото на лидерот на Хамас е пронајдено во тунел во Газа?!
Телата на лидерот на Хамас во Газа, Мохамед Синвар, и десет негови соработници беа пронајдени во тунел во Кан Јунис, објави саудискиот телевизиски канал Ал-Хадат, повикувајќи се на извори.
Ал-Хадат, исто така, објави дека командантот на бригадата Рафах, Мохамед Шабана, е убиен во израелските напади заедно со Синвар.
Пред приближно пет дена, Израелските одбранбени сили и Шин Бет извршија прецизен напад врз милитантите на Хамас кои беа лоцирани во командно-контролен комплекс во подземната инфраструктура под Европската болница во Кан Јунис. Целта на нападот бил Синвар, според Ал-Хадат.
☪️ 🇮🇱 Israel’s attack on a command building in the European Hospital complex in Khan Yunis targeted Mohammed Sinwar, brother of Yahya Sinwar. The strike, like Operation New Order that killed Nasrallah, used dozens of bunker-busting bombs. pic.twitter.com/qjwUUZfpBp
— nextmars (@Nexttmars) May 14, 2025
Да потсетиме, Мохамед Синвар е палестински политичар и воен командант кој е лидер на Хамас во Појасот Газа од октомври 2024 година, откако неговиот брат Јахја Синвар беше убиен во израелско-хамасовата војна.
Роден е во 1975 година во бегалскиот камп Кан Јунис, а е познат и како водач на Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас.
Синвар бил сведок на киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во 2006 година и преживеал повеќе обиди за атентат од страна на Израел.
Израелските служби го сметаа за еден од клучните организатори на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и еден од најбараните лица во Газа, со награда од 300 илјади долари (269 илјади евра) за информации за неговото местоположба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

