Македонија
„Влен“: Оставката на пратеникот Салим Сулејмани го остава Таравари сам во скутот на Ахмети
„Постапките на Арбен Таравари не ги осудува само субјектот ВЛЕН, како негов поранешен коалициски партнер, туку и неговите најблиски луѓе. Секој ден се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети. Оставката на пратеникот Салим Сулејмани е најдобар доказ дека Албанците ниту се купуваат ниту се продаваат за позиции. Ова е највисок морален чин што заслужува секаква почит“, велат од „Влен“.
„Како пратеникот Сулејмани, огромното мнозинство од структурата на Алијансата за Албанците е на истото мислење и оставките почнаа масовно да се појавуваат, ова е затоа што гласачот на Алијансата за Албанците не голта да оди во скутот на Али Ахмети само поради пазарењата на Таравари.
Нашиот поранешен коалициски партнер уште еднаш потврди дека нема поим за партиско водство или управување. За помалку од две години, тој толку многу ја оштети овој субјект што не ѝ оштети на ниту една спротивставена страна. Сега, кога оставките се последователни, се чини јасно дека Таравари ќе заврши сам во скутот на Али Ахмети.
Ние, како ВЛЕН, од самиот почеток сме на мислење дека во Алијансата за Албанците има чесни луѓе со морална одговорност кон електоратот, а овие наши изјави денес ги потврди пратеникот Сулејмани, како и голем број други функционери, активисти и гласачи, кои на никаков начин не се поврзаваат со злото.
Албанскиот граѓанин, без разлика дали е функционер, активист или гласач, не е алатка во рацете на Таравари што треба да се користи за пазарење на ниско ниво.
Доаѓаат добри денови за Албанците. Политичкиот земјотрес ќе се случи, и ќе биде толку силен што дури и Ахмети и Таравари ќе треперат.
ВЛЕН им посакува на Арбен Таравари и Али Ахмети успешна коалиција, додека народот веќе се построи на десната страна, на нашата страна, бидејќи ние сме тука да му служиме на народот. Водачите на тендеријата ќе завршат во историјата!“, соопштува „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре облачно време со локални врнежи од дожд, на планините снег
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови, до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.
На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Утре без вода поголем дел од Гази Баба поради дефект
Утре, 3 декември, без вода и со намален притисок ќе останат корисниците од поголем дел од Гази Баба.
„Ве известуваме дека поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на бул.Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе превземе одреден технички зафат кој ќе се одвива на ден 03.12.2025 година (среда)“, информира Центарот за управување со кризи.
Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување
Македонија
Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од општина Кисела Вода
Ваучери во вредност од 12.000 денари за новороденчињата денес додели Општина Кисела Вода на настан посветен на најмладите жители и нивните семејства. Мерката претставува финансиска поддршка за родителите во првите месеци по раѓањето на детето.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, порача дека грижата за децата и семејствата започнува уште од првиот ден. Додаде дека финансиски средства се исплатени и за останатите новороденчиња од претходните месеци, за кои исплатата беше оневозможена поради изборниот процес.
„Сакам да ги информирам и сите родители со новороденчиња кои аплицирале во изминатите месеци, а за кои, поради изборниот процес не беше можна исплатата, дека средствата ќе ги имаат на нивните сметки во текот на утрешниот ден“, истакна Стаменкоска Трајкоска, повикувајќи ги сите нови родители слободно да аплицираат за оваа мерка.
Право на апликација имаат семејствата чии новороденчиња не се постари од 90 дена, а целосната потребна документација која е сосема едноставна, е достапна на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

