Свет
Кремљ го објави денешниот термин на телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, утрово, за време на разговор со новинарите изјави кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес.
„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17 часот по московско време“, јави ТАСС.
„Секако, разговорот е важен земајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесе „РИА новости“.
Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана за деталите по разговорот.
Медиумите потсетуваат дека пред денешните разговори со Путин, Трамп вчера разговараше по телефон со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и на Италија во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, објави британската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шпанскиот премиер: Израел да не учествува на Евровизија

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска повика Израел да биде исклучен од меѓународните културни настани како што е Изборот за песна на Евровизија поради воената кампања во Газа, исто како што на Русија и беше забрането тоа да го прави по инвазијата на Украина.
„Не можеме да дозволиме двојни стандарди, дури и во културата“, рече Санчез, социјалист и долгогодишен критичар на политиката на Израел на окупираната палестинска територија.
„Верувам дека никој не беше шокиран пред три години кога Русија беше исклучена од меѓународни натпревари како што е Изборот за песна на Евровизија, откако ја нападна Украина. Затоа, ниту Израел не треба да учествува“, рече тој.
Санчез ги повика уметниците да застанат во одбрана на вредностите како демократијата и мирот, критикувајќи ги оние кои го бранат, како што вели тој, благ и тивок културен сектор. Израелското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за изјавите на Санчез.
Свет
Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Белата куќа потврди дека телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин е започнат.
Пред разговорот, Белата куќа соопшти дека Трамп се фрустрирал од Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Самиот американски претседател изрази надеж дека денот ќе биде продуктивен.
Свет
Фон дер Лајен: Самитот ЕУ-Велика Британија претставува свртување на нова страница

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ и Велика Британија на денешниот Самит во Лондон „свртија нова страница“ во односите и дека партнерството во областа на безбедноста и одбраната опфаќа многу теми.
„Ова ќе ја поттикне соработката во областа на одбраната“, изјави Фон дер Лајен на конференција по завршувањето на самитот ЕУ-Велика Британија, според „Гардијан“.
Таа рече дека ова е првиот чекор кон учеството на Велика Британија во заедничката програма за јавни набавки со ЕУ вредна 150 милијарди евра.
Таа процени дека договорот влијае на „милиони пријателства“ на луѓе што живеат во Велика Британија и ЕУ.
Зборувајќи за одлуката за истрага на учеството на Велика Британија на пазарот на електрична енергија на ЕУ, таа рече дека тоа е добро за „стабилноста на енергетските текови“.
„Ова е добро за нашата заедничка енергетска безбедност, бидејќи знаеме дека поголем пазар ќе биде добар и за намалување на цените на енергијата, а исто така ќе привлече повеќе приватни инвестиции поради регулаторната стабилност и предвидливост што постојат за да се искористи огромниот потенцијал што го нуди Северното Море, особено за обновлива, евтина и домашна енергија“, изјави Фон дер Лајен.
Таа истакна дека договорот за правилата за санитарните мерки значи „поголема безбедност, поголема стабилност за земјоделците и производителите на храна“.
„Договорот за рибарство ќе значи поголема долгорочна стабилност и предвидливост за рибарскиот сектор“, рече таа.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на конференцијата изјави дека Велика Британија и ЕУ „работеле многу“ за да ја поддржат Украина и дека ќе го зголемат притисокот врз Русија со нов пакет санкции, со цел да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да учествува во преговорите за завршување на војната.
Кошта додаде дека ЕУ и Велика Британија ќе го одржуваат самитот еднаш годишно.