Спорт
Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Хрватското првенство доби нов заплет во претпоследното коло. Иако се чинеше дека Хајдук нема шанси, тимот од „Пољуд“ со победата над Риека (2:1) останаа во трката за пехарот, но реално со најмали шанси да дојде до неа.
Во исто време, Риека ја испошти првата меч топка, но и покрај поразот од Хајдук, тимот предводен од клупата од Радомир Ѓаловиќ е сè уште прв фаворит, а ќе има пресметка пред своите навивачи против Славен Белупо во сабота.
Во исто време, Динамо Загреб игра против Вараждин, додека Хајдук ќе патува во Шибеник.
Со оглед на тоа што сите три екипи имаат шанса за шампионската титула, челниците на Хрватската лигасе во проблем, потребно е да се организира доделувањето на пехарите и медалите.
Сепак, постои план. Првиот на трите стадиони да бидат испратени реплики од трофејот и медалите, кои би се користеле за церемонијата, а потоа тие би биле заменети со оригиналните.
Втората опција е спектакуларна, речиси филмска, и вклучува хеликоптер кој, во зависност од резултатите, би го носел трофејот до местото каде што ќе се прославува шампионската титула. Било да е тоа Риека, Загреб или Шибеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
АБА лигата жестоко го казни Теодосиќ

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, ја дозна казната од АБА лигата за инцидентот што го предизвика на вториот натпревар од четвртфиналната серија против Игокеа во Лакташи.
Плејмејкерот на Звезда, во последната четвртина бурно реагираше поради одредени одлуки на судиите, па вербално ги нападна судиите, а на крајот имаше што да им каже и на челниците на АБА лигата кои седеа во првиот ред покрај теренот.
Поради сето ова, дисциплинскиот судија Хрвоје Видан одлучи жестоко да го казни Теодосиќ.
„Врз основа на членовите 27.1 и 27.2 од Дисциплинскиот кодекс на АБА лигата на АдмиралБет, Милош Теодосиќ е казнет:
• Со забрана за настап во првите три последователни натпревари од АБА лигата, почнувајќи од првиот натпревар од полуфиналето против Будуќност;
• Казна од 10.000 евра“.
Ова значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти целата серија против Будуќност, додека во случај серијата да трае два натпревари, а Црвена звезда излезе како победник во два натпревари, тој би го пропуштил и првиот натпревар од финалната серија.
Во случај на елиминација на Звезда во два натпревари, тој не би имал право да игра во првото коло од следната сезона, доколку сè уште е во клубот.
Спорт
Дрес на Џордан продаден за 2,6 милиони долари

Дресот што Мајкл Џордан го носеше на 17 натпревари за Чикаго Булс во сезоната 1992/1993 беше продаден на аукција.
Дресот што Џордан го носеше на насловната страница на „Спортс илустрејтид“ на 18 октомври 1993 година е продаден за 2,6 милиони долари.
Експертите за автентичност велат дека ова е единствениот познат дрес на Џордан од неговата прва триплета со Булс.
Гореспоменатата сезона 1992/1993 е многу важна за Џордан и Чикаго Булс.
Џордан беше најдобар стрелец во лигата седма сезона по ред, изедначувајќи го рекордот на Вилт Чемберлен.
И тоа беше сезоната во која Булс го освоија својот прв триплета, односно врзаа три титули по ред.
Во финалната серија, во друг дрес, Џордан постигна просек од 41 поен во шест натпревари, што е рекорд во лигата.
Најскапиот спортски сувенир поврзан со Мајкл Џордан останува дресот од „Последниот танц“, кој беше продаден за повеќе од 10.000.000 долари во септември 2022 година.
Спорт
Манчесер сити се откажал од Вирц, бил премногу скап

Пеп Гвардиола потрошил околу 1.700.000.000 евра на засилувања откако го презеде Манчестер Сити во летото 2016 година, но според информациите добиени од новинарот на Би-Би-Си, Сами Мокбел една од финансиски најмоќните организации во светот и клуб кој е во правен спор со, ни помалку, ни повеќе, Премиер лигата (поради обвинувања за кршење на многу правила во бизнисот) се откажа од трансферот на Флоријан Вирц затоа што Германецот е премногу скап.
Барем така вели Мокбел во веста објавена на британскиот јавен сервис под ознаката „ексклузивно“.
Тој додава дека на „Етихад“ процениле дека најбараниот фудбалер во Европа во 2025 година, на крајот, би можел да чини речиси 300 милиони евра, ако на потребната отштета за Баер од Леверкузен се додадат сите други трошоци, вклучувајќи ја и неговата плата во Англија.
Инаку, проценките се дека Леверкузен би можел да заработи 150 милиони евра од трансферот на својот најдобар фудбалер.
Во моментов, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити наводно се борат за неговиот потпис, иако меѓу овие клубови Реал и Сити се издвојуваат како единствени кои историски платиле суми изразени во девет или повеќе цифри за засилувања (Еден Азар 120.000.000, Џек Грилиш 117.500.000, Џуд Белингам 113.000.000, Гарет Бејл 101.000.000).
Баерн и Ливерпул никогаш не го направиле тоа, или не досега.