Македонија
Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја, бара Филипче
Го поддржуваме договорот за стратешка соработка со Британија, но по информациите во британските медиумите, упатувам прашање до Владата дали е спремна да разговара за сместување мигранти во нашата земја, повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција.
„
Имено, непосредно по самитот, излезе информација дека откога Албанија го одбила договорот со Велика Британија да прима мигранти, имајќи предвид дека таков договор има со Италија, лидерите на Косово, Северна Македонија, генерално од Западен Балкан, рекле дека исто така не се согласуваат да има кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање до Владата дали навистина се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување емигранти во нашата земја?“, рече Филипче.
Тој потенцира дека СДСМ го поддржува договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и дека пратениците ќе го поддржат во македонското Собрание потсетувајќи дека и владите на СДСМ во минатото имале потпишано таков договор за стратешка соработка.
„Апсолутно го поддржуваме. Нашата влада во изминатите години има потпишано еден договор за стратешка соработка со Обединетото Кралство и сметам дека тоа е земја, наш сериозен партнер во изминатите години, децении, секогаш, и во кризи кога сме биле, а и генерално во сите процеси за напредок на земјата, Велика Британија давала подршка. Тој чин, тој гест е за поздравување и ние тој договор, кога ќе дојде во Собранието за ратификација, ќе го подржиме“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

