Спорт
Дуња Иванова меѓу најдобрите 60 на светот во МТБ-маратон – избори норма за Светското првенство во Швајцарија

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Со низа подиуми и високи пласмани на УЦИ маратони низ Европа, таа се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет.
Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 септември во Валис, Швајцарија.
Покрај меѓународниот успех, Иванова викендов стана и државен првак во МТБ Маратон, освојувајќи ја титулата на Националното првенство што се одржа во екстремни услови на планинските патеки во Крушево.
Следниот голем предизвик за оваа македонска спортистка ќе биде Европското првенство во МТБ Маратон, кое се одржува на 8 јуни во Касела, Италија, каде ќе настапи како македонски претставник меѓу најдобрите европски натпреварувачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити е блиску до ЛШ, голчиште на Мармуш во победата над Борнмут

Манчестер сити го направи клучниот чекорв во трката за Лигата на шампионите. „Граѓаните“ во претпоследното коло го победија Борнмут со 3:1, се искачија на третото место на табелата со 68 поени, два повеќе од Њукасл, Челзи и Астон Вила и три од Нотоингем Форест.
Последното коло ќе ги реши дилемите кои три клуба, покрај Ливерпул и Арсенал ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона, но се чини дека Сити веќе го обезбеди своето место таму. Ќе им биде потребен еден бод против Фулам за да го потврдат пласманот, бидејќи од сите овие тимови, Сити има далеку најдобра голл разлика.
Против Борнмут, Сити победата ја обезбедија во првиот дел кога постигнаа два гола. Првиот на Мармуш во 14.минута беше спектакуларен. Егиѓќанецот од 25 метри испрати „топрпедо“ кое заврши во десниот горен агол од голот.
Предноста ја зголеми Бернардо Силва во 38.минута, по одличното додавање од Гундоган.
Сити во 67.минута остана со играч помалку, Ковачиќ доби црвен картон, но силите на теренот се израмнија седум минути подцна кога исклучен беше Кук.
Победата на Сити ја потврди Нико Гонзалес во 89.минута, а во 96. Џејмс го постигна почесниот гол за Борнмут.
Спорт
Белингам мора да паузира неколку месеци

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, ќе биде подложен на операција на рамото, потврди клубот.
Англичанецот со месеци страда од повреда на рамото, а медицинскиот тим му препорачал да оди на операција и таа одлука е конечна.
Добрата вест е дека Белингам може да се оперира по претстојното Светско првенство за клубови, односно ќе игра некое време со заштита, но лошата вест е дека ќе мора да направи пауза од три месеци по операцијата.
Ова практично значи дека Белингам ќе биде надвор од терените до втората половина на октомври и ќе отсуствува околу два месеци од почетокот на следната сезона.
Очигледно е дека во Мадрид сметаат дека е потребно да се нападне трофејот на Светското клупско првенство, за да се заврши сезоната барем со тој пехар, а покрај тоа, победникот ќе добие парична награда од 150 милиони евра.
Спорт
Магнус Карлсен ремизираше во партија против 143.000 играчи

Еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Норвежанецот Магнус Карлсен, ремизираше во специјална онлајн партија против 143.000 играчи од целиот свет што траеше 46 дена.
Дуелот „Карлсен против светот“ започна на 4. април под покровителство на „chess.com“, а секоја страна имаше 24 часа да помести по една фигура.
И додека светскиот шампион од 2013 до 2023 година играше сам, неговите противници од целиот свет ги одлучуваа своите потези со гласање.
„Од самиот почеток, светот играше многу, многу добар шах. Можеби не избирајќи ги најсигурните опции, туку држејќи се повеќе до нормалниот шах, што не е секогаш најдобрата стратегија, но овој пат се покажа добро“, рече Карлсен.
„Кратко по отворањето, се чувствував малку подобро, но искрено, не ми дадоа шанса после тоа“, додаде тој.
Првата онлајн шаховска партија помеѓу велемајстор и светот се одржа во 1999 година, кога поранешниот светски шампион Гари Каспаров победи повеќе од 50.000 играчи по четири месеци, нарекувајќи ја „најдобрата партија во историјата на шахот“.
Индиецот Ананд го стори истото против речиси 70.000 играчи минатата година.