Спорт
Марко Верати го купува клубот во кој ја почна кариерата

Италијанскиот фудбалер Марко Верати сака да го купи клубот каде што ја започна импресивната кариера.
Во текот на кариерата, која се уште трае, Верати заработил значителна сума пари, пред сè благодарение на долгогодишното играње за Пари Сен Жермен. Дресот на „светците“ го носеше 11 сезони. Потоа се пресели во Ал-Араби, во 2023 година.
Според италијанските медиуми, тој одлучил дел од своето богатство да го инвестира во клубот каде што ја започнал кариерата.
Тие понатаму наведуваат дека Верати е блиску до купување на значаен удел во Пескара, клубот на кој му се приклучи во 2008 година.
Иако нема да има мнозински удел, се очекува да купи околу 40 проценти од акциите, за кои треба да издвои приближно 1,5 милиони евра.
Според информациите што ги објави „Ил Центро“, 32-годишниот играч од средниот ред веќе потпишал прелиминарен договор и сите формалности треба да бидат завршени во текот на следните неколку недели.
Во сезоната 2024/25, Пескара учествуваше во Серија Ц, заврши на четвртото место, а останува да се види дали клубот може да направи чекор кон повисок ранг со помош на Верати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ханси Флик го продолжи договорот со Барселона

Барселона официјално објави дека го продолжи договорот со Ханси Флик до јуни 2027 година. Клубот ја потврди веста преку соопштение објавено на социјалните мрежи со наслов „Шоуто мора да продолжи“.
Германскиот тренер, кој првично потпиша до 2026 година кога пристигна во летото 2024 година, сега го продолжи договорот за уште една сезона, без никаква дополнителна опција за продолжување.
Веќе во првата сезона, Флик ја освои тројната домашна круна – Ла Лига, Кралскиот Куп и Шпанскиот Суперкуп.
Одлуката да ја продолжи соработката ја донел на 11 мај, веднаш по последното Ел Класико. Потоа, за време на вечерата со неговиот агент Пини Захави, а потоа и со претседателот на клубот Жоан Лапорт, тој ги финализираше деталите.
Флик, како што рече претходно на прес-конференцијата, лично инсистирал на едногодишен договор.
„Не сум тип на тренер кој сака да потпише тригодишен договор и со тоа да си ја обезбеди иднината. Сакам да работам за најдобриот клуб во светот и мојот начин на размислување е да одам сезона по сезона.“
Таква е ситуацијата сега – имам уште една година од договорот и ако сè оди добро, ќе додадеме уште една. Сакам да ја завршам мојата работа тука на најдобар можен начин“, рече Флик.
По завршувањето на сезоната 2025/2026, двете страни повторно ќе седнат и ќе проценат дали е време за уште едно продолжување на соработката.
Спорт
(Видео) Скандал во режија на навивачите на Црвена звезда – Фрлија топовски напад врз играчите

Неверојатна сцена се случи на крајот од првото полувреме од финалниот натпревар од Купот на Србија помеѓу Војводина и Црвена звезда.
Додека траеше нападот на Војводина, кога шеснаесетникот на Црвена звезда беше полн со фудбалери, експлодираше топовски удар. Колинс Синченџе и Андреј Ѓуриќ паднаа на земја како покосени.
Судијата Павле Илиќ веднаш го прекина натпреварот, а по укажаната медицинска помош и краткиот прекин, натпреварот продолжи.
Спорт
Ендрик ќе го пропушти клупскиот Мундијал

Младиот бразилски напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (18), заработил повреда на десната нога за време на натпреварот против Севилја, одигран во рамките на 37-то коло од Ла Лига. Ендрик мораше да ја напушти играта во 59-та минута откако почувствува болка во, а беше заменет од Виктор Муњоз.
Првите лекарски проценки потврдија дека станува збор за повреда на тетивата, поради што ќе го пропушти последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, а „Марка“ и „Ас“ тврдат дека Ендрик ќе биде надвор од терените најмалку два месеци. Ова значи дека ќе мора да го прескокне Светското клупско првенство, кое започнува на 15. јуни во САД.
„По денешните тестови извршени врз нашиот играч Ендрик од страна на лекарите на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана повреда на задниот дел од десната нога, а неговото понатамошно закрепнување ќе зависи од развојот на ситуацијата“, објави шпанскиот тим.
18-годишниот Ендрик пристигна во Реал минатото лето по трансфер од бразилскиот Палмеирас вреден 47,5 милиони евра. Иако одигра 37 натпревари, со само 24 минути по натпревар и осум настапи како стартер, младиот Бразилец постигна седум гола.
Постигна по еден гол во Ла Лига и Лигата на шампионите, додека постигна пет гола во Купот на Кралот, каде што доби малку поголема минутажа.
Ова е дополнителен проблем за Реал, бидејќи беше познато дека Ферланд Менди и Едуардо Камавинга нема да бидат подготвени за Светското клупско првенство, а во моментов повредени се и Лукас Васкез, Брахим Диаз, Винисиус Жуниор, Давид Алаба, Антонио Ридигер, Едер Милитао и Дани Карвахал.