Спорт
Кварацхелија и Антони може да постават уникатни рекорди
Хвича Кварацхелија и Антони. Првиот донесен како големо засилување, вториот беше избркан, но заедничко им е што двајцата ги оправдаа очекувањата на новите тимови. До крајот на сезоната можат да постават уникатни рекорди.
Хвича Кварацхелија, талентиран 24-годишен играч од Тбилиси, кого Наполи го донесе за 10 милиони евра во летото 2022 година и каде што ги доби прекарите „Грузиски Марадона“ и „Кварадона“, беше купен од Пари Сен Жермен за 80 милиони евра (70+10) во јануари оваа година.
Играше за „светците“ во вистинскиот момент, во нокаут фазата од Лигата на шампионите, имаше голем придонес во пласманот на ПСЖ во финалето. Сега има шанса да ја освои титулата европски шампион.
Во меѓувреме, тој веќе го освои шампионатот на Франција, а го чека финалето на Купот на Франција. Значи, со „светците“ има можност да освои вкупно три трофеи: веќе ја освои Лига 1, а го чекаат финалето на Лигата на шампионите и Купот на Франција.
Интересно е што оваа сезона Кварацхелија може да добие и медал за освојување на титулата во италијанското првенство.
Пред да се пресели во ПСЖ, тој одигра 17 натпревари во Серија А за Наполи во првиот дел од сезоната и постигна пет гола, а тимот од Неапол моментално е на првото место пред крајот на сезоната, со бод повеќе од Интер.
Ова значи дека „грузискиот Марадона“ може да биде шампион на Европа, Франција и Италија оваа сезона.
А што да се каже за „случајот Антони“. Овој 25-годишен Бразилец дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2022 година како големо засилување, Манчестер унајтед му плати на Ајакс 100 милиони евра (95+5).
Сепак, англискиот великан западна во криза на перформансите и резултатите, а Антони беше идентификуван како еден од виновниците. Бидејќи не ги оправда огромните очекувања, беше испратен на позајмица во Бетис во јануари оваа година.
Се покажа дека донел добра одлука. Антони се прероди како фудбалер во клубот Севилја. Тој ги круниса добрите игри со осум гола и четири асистенции.
Особено блескаше во Конференциската лига на УЕФА. Не само поради спектакуларниот гол од слободен удар во реваншот од полуфиналето против Фиорентина, туку е еден од најзаслужените е што Бетис ќе игра во финале на европско натпреварување за прв пат во историјата.
Она што е особено интересно во случајот на Антони е што неговиот матичен клуб Манчестер јунајтед исто така влезе во финалето на Лига Европа. Бидејќи
Во Лига Европа, Антони одигра четири натпревари за Јунајтед, што значи дека ќе добие медал доколку вечерва „црвение ѓаволи“ ја освојат Лига Европа.
Ова значи дека тој може да освои два европски купа во една сезона, Конференциската лига и Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фјури се враќа, ќе се бори против Махмудов
Тајсон Фјури (37) се враќа од пензија и ќе се бори против Арсланбек Махмудов на 11 април на стадионот на Тотенхем, во Лондон. Тоа ќе биде неговиот прв меч по речиси четири години пред домашна публика, а преносот ќе биде достапен низ целиот свет на платформата „Нетфликс“.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија се повлече од боксот по два последователни порази од Олександр Усик.
Фјури, кој во текот на својата кариера имаше многу збогувања и враќања, има рекорд од 34 победи, два порази и едно реми во професионалниот ринг, со 24 нокаути.
Официјалната прес-конференција за најава ќе се одржи во понеделник на стадионот Тотенхем, со учество на двајцата борци.
Противникот на Фјури, Махмудов, е познат како еден од најопасните борци во тешка категорија. Во кариерата, тој нокаутирал 19 од 21 противник, има два порази во 23 натпревари и влегува во овој меч по најголемата победа во кариерата. Тој ја постигна со едногласна одлука против Дејв Ален минатиот октомври во борба за титулата во тешка категорија на ВБА Интерконтиненталната категорија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Познат распоредот во Лигата на нации – Швајцарија во првото, Словенија во последното коло
Фудбалската репрезентација на Македонија, во новиот циклус во Лигата на нации, ќе се натпреварува во Б-дивизијата. Македонија е во Групата 1, заедно со Шкотска, Швајцарија и Словенија.
Првата фаза, во новиот циклус во Лигата на нации ќе се игра од септември до ноември оваа година. Македонија дуелите во Групата 1 ќе ги отвори на домашен терен со Швајцарија, а ќе ги затвори исто така на домашен терен против Словенија.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 26 септември против Швајцарија, а три дена подоцна следува гостувањето во Словенија.
Во октомври Македонија ќе ја пречека Шкотска (3 октомври), а на 6.10 ќе гостува во Швајцарија.
На 13 ноември Македонија ќе гостува во Шкотска, а три дена подоцна ќе ја пречека Словенија.
Foto/ EPA
Спорт
Ханси Флик за дебаклот на Барселона на „Метрополитано“ ги обвини судиите
Барселона, синоќа доживеа дебкла во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот. На „Метрополитано“, Атлетико Мадрид победи со 4:0. Инспирираниот домашен тим головите ги постигна во првото полувреме.
По поразот од Атлетико, тренерот на Барселона, Ханси Флик, виновникот за дебаклот го најде во судиите, а не во лошата игра во дефанзивата на неговиот тим.
Спортна е ситуацијата во 53-та минута, кога по седум минути во ВАР собата донесоа одлука да го поништат голот на Пау Кубарси.
„Навистина не знам што друго да кажам за судењето во Шпанија. Ова е срам, целосен хаос, судењето е катастрофа. Не знам ни колку пати ја прегледав ситуацијата кога Кубарси постигна гол и навистина не разбирам каде некој од судиите виде недозволена позиција“, рече Флик и продолжи:
„Прекинот траеше повеќе од седум минути. Очигледно е дека бараа причина да го поништат тој гол на секој можен начин и со сета сила. Исто така, речиси и немаше комуникација меѓу судиите. Никој ништо не разјасни.“
Како алиби за поразот Германецот ја посочи агресивната игра на фудбалерите на Атлетико, иако е јасно дека тој беше незадовоелн од играта на неговиот тим, бидејќи првата измена ја направи во 35 минута од натпреварот.
„Судијата им дозволи на играчите на Атлетико да играат грубо, буквално им дозволи да прават што сакаат. Не само што не им покажа картони, туку дури и не им даде усна опомена. Уште од првата акција во играта, тие се жалеа кон судиите. Разочаран сум, навистина не можам да верувам што се прави во шпанскиот фудбал“, додаде тој.
„Судијата мораше да покаже жолт картон за првиот прекршок врз Балде, а зборуваме за самиот почеток на натпреварот. Тоа драстично ќе влијаеше на она што се случуваше подоцна. Нормално беше Симеоне да дозволи да нè малтеретираат кога виде дека судиите ќе му простат сè“, рече Германецот.
Интересно, Флик не го коментираше црвениот картон на Ерик Гарсија, бидејќи одлуката на теренот беше жолт картон. Дури кога доби повик од ВАР собата, главниот судија ја прегледа снимката и го исклучи дефанзивецот на Барселона, кој како последен играч во одбраната го фаулираше Алекс Баена.
Foto/ depositphotos

