Спорт
Шкендија ги дозна можните ривали во првата квалификациска рунда во ЛШ
Шампионот на Македонија, Шкендија, настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе го започне во првото коло. Поради лошиот коефициент, Шкендија ќе биде во групата неносители, што значи дека ќе добие потежок противник.
Гледајќи ја листата која ја објави УЕФА, овие четири тима се непосакуван ривал во првата рунда. Станува збор за Лудогорец (Бугарија), ФЦСБ (Романија), Малме (Шведска), Олимпија (Словенија).
Ждрепката за првото и второто квалификациско коло во Лигата на шампионите ќе се одржи во Нион на 17.јуни. Натпреварите од првата рунда ќе се играат на 8. или 9. јули, а реваншите на 15. или 16. јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафиња го продолжи договорот со Барселона

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2028 година.
„ФК Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој го обврзува со клубот до 30 јуни 2028 година“, се вели во соопштението.
Рафиња ја започна својата кариера во Европа во Виторија Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, во јули 2022 година пристигна во Барселона.
28-годишникот доби вистинска награда од клубот за извонредната сезона, во која одигра клучна улога во освојувањето на три трофеи во домашните натпреварувања (Примера, Копа дел Реј и Суперкуп на Шпанија).
Рафиња се смета за кандидат за Златната топка, бидејќи постигна 34 гола на 56 натпревари оваа сезона, со 25 асистенции, и го дели првото место на листата на стрелци во Лигата на шампионите (по 13 гола со Серу Гираси од Борусија Дортмунд).
Според објавата во јули, Барселона ќе го продолжи договорот со талентираниот шпански напаѓач Ламин Џамал, кој ќе стане полнолетен во текот на летото. Според агентот Џорџ Мендеш, тој ќе го продолжи договорот до 2030 година.
Спорт
Аделман и наредната сезона ќе ги предводи Денвер Нагетс

Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо.
Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот.
Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун.
Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан тренер.
Тој успеа да оствари серија од три победи во НБА откако го презеде тимот, а потоа го водеше тимот во плејофот, во седум натпревари Денвер ги елиминира ЛА Клиперс, но потоа во полуфиналето во седум натпревар Нагетс загубија од Оклахома.
Постоеше сомнеж дали Аделман ќе остане прв тренер поради конкретни одлуки на крајот од натпреварите, но се чини дека сите во клубот се доста задоволни од неговиот придонес.
Недолго по објавата од „ESPN“, и Денвер потврди дека Аделман ќе биде новиот тренер.
„Го унапредивме Дејвид Аделман во улогата на нов главен тренер“, рече Џош Кронке, сопственик и извршен директор на Нагетс.
Спорт
Ѓоковиќ со победа над Арналди го прослави 38. роденден

Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден. На турнирот во Женава, АТП 250, Ѓоковиќ го победи младиот Италијанец со 6:4, 6:4. Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале.
Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Мадрид, откако одигра спектакуларен тенис во втората половина од вториот сет.
Играчите беа мошне сигурни во првиот сет, моментот на слабост во третиот гем на Арналди, Ѓоковиќ го искористи, направи брејк и накрајот го освои сетот.
Во вториот, спрскиот тениср започна нервозно, Арналди му го одзеде сервисот во четвртиот гем, а потоа повреде со 4:1. Откако бесот го искали врз рекетот, запошна танцот на Ѓоковиќ.
Освојувачот на 24. гренд слем титули освои пет гема во низа и го реши мечот.
Во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот меѓу Алексеј Попирин-Камерон Нори.