Македонија
ЗНАМ предлага закон со кој прагот за регистрираните земјоделци како даночни обврзници ќе се зголеми
На денешната прес конференција, Миле Цеков пратеник во Собранието информира дека пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во собраниска процедура поднела Предлог на Закон за измена на Законот за додадена вредност.
„Со предложениот закон бараме, рече Цеков,на измена на членот 51, односно прагот за задолжителна регистрација за ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од два на четири милиони денари“.
Тој додаде дека целта на измената е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец.
„Ова е одговор на реалноста, на зголемените трошоци за производство на земјоделците, горивото е скапо, ѓубривата уште поскапи, но и цената на финалниот производ што го продаваат е зголемена и сето тоа придонесува тие законскиот праг од два милиони денари да го надминат уште во првите четири -пет месеци во годината. И што прават потоа ? Продаваат на рака, односно во кеш или преку сметки на други лица, ја поттикнуваат сивата економија, бидејќи ако го надминат прагот би морале да станат даночни обврзници со трошоци, книговодство, пријава завршна сметка и многу други трошоци. Во суштина додека едвај врзуваат крај со крај и се мачат да опстанат, ние ги туркаме кон сивата економија“ рече Цеков пред новинарите.
Пратеникот Цеков нагласи дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во својата програма го вети моделот Македонија – самоодржлива држава со стимул на домашното производство на храна.
„Ние не бараме ослободување од данок, ова е само зголемен праг од два на четири милиони денари прилагоден на реалната фактичка состојба. Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец, затоа што се повеќе увезуваме храна. Нашата цел со оваа измена е: Да се намали сивата економија, да се поттикне формалното призводство, да се почитува трудот на земјоделецот“ рече тој.
„Ако навистина сакаме младите да останат да произведуваат, ако сакаме храна од нашите земјоделци, тогаш ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа законска измена која е измена за човекот што не прашува, туку работи“, потенцира пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

