Спорт
Европската шампионка Даниела Алексовска влегува во кафезот за својата прва полупрофесионална борба

Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз (Éabha Cruise) од Ирска.
Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА Спортот во женската конкуренција.
„Посветеноста на мојот тим “Д Стронгест” и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам Mакедонското знаме“, изјави Алексовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јанакопулос направи хаос, тргна да се пресмета со челниците на Евролигата

Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби.
Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето.
Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално да ги напаѓа.
Потоа тој ги нападнал и водечките луѓе на Еверолигата, Дејан Бодирог и Паулиус Мотиејунас, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.
İlk yarının sonunda Panathinaikos başkanı Dimitris Giannakopoulos, hakemlerin üzerine yürüdü. Devamında böyle uzaklaştırıldı: pic.twitter.com/ToCOwUvxxm
— Buğra Balaban (@BugraBalaban_) May 23, 2025
Сопственикот на ПАО мораше да го напушти своето место крај теренот и го гледаше дуелот од тунелот, односно од зад вратата низ која се влегува во салата.
Инаку неговиот тим не успеа да влезе во финалето. Фенербахче го порази Панатинаикос со 82:76.
Спорт
Хол и Мекалум го нокаутираа ПАО, Фенер ќе игра за европската титула

Кошаркарите на Фенербахче в недела ќе се борат за втората титула во Евролигата во клупската историја. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Абу Даби, Фенербахче го победи се уште актуелниот првак Панатинаикос со 82:76 (22:14, 16:19, 17:15, 27:28).
Играчите на Фенербахче одиграа тактички зрел натпревар, имаа предност во текот на целиот натпревар, ПАО имаше предност само на стартот 0:2 и 3:5) и ги имаа Девон Хол и ветеранот Ерик Мекалум.
ПАО успеа да го запре најдобриот играч на Фенер, Најџел Хејс-Дејвис, но не веруваа дека Хол и Мекалум ќе го решат мечот, со голема помош од Николо Мели и Тарик Биберовиќ.
Хол постигна 18 поени (10 во првата и осум во последната четвртина), Мекалум уфрли 13, меѓу кои и клучната тројка со која го одби последниот налет на ПАО: Биберовиќ постигна 15 поени, а Мели забележа девет поени и шест скока.
Џеди Осман го предводеше ПОА со 22 поени и шест скока, Нан уфрли 19, но мечот го заврши на пет ипол минути до крајот поради пет лични грешки. Двоцифрен беше уште само Џеријен Грент со 15 поени.
Фенербахче, в недела од 19 часот за титулата ќе се бори со победникот од мечот меѓу Олимпијакос и Монако.
Спорт
Адеми ќе го напушти Динамо

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, наскоро треба да го напушти Динамо Загреб. Откако се врати во Динамо на крајот од летото 2023 година по краток престој во Кина, Адеми сега е повторно пред заминување од „Максимир“.
Причината за неговото заминување е недостатокот на минутажа во тековната сезона, во која, по правило, тој беше играч кој влегуваше од клупата. Оваа сезона, настапи во 26 натпревари за Динамо, но одигра само 1213 минути, што значи дека играл во просек малку повеќе од едно полувреме по натпревар.
Дејан Љубичиќ, Роберт Мудражија и Марко Солдо ќе му се приклучат на Динамо во летниот преоден рок, па и покрај заминувањето на Петар Сучиќ, а веројатно и на Мартин Батурина, нема да има место за Адеми.
Како најконкретна опција за негов нов ангажаман се споменува Марибор.
Доколку Адеми се пресели во Марибор, тој би требало да има значително поголема минутажа и улога во тимот. Адеми заработува околу 800 илјади евра годишно во Динамо, а има договор до јуни 2026 година.
Адеми одигра 420 натпревари за Динамо, во кои постигна 47 гола и имаше 32 асистенции.