Спорт
Играч на Севилја, наместо во Серија А, може да оди во затвор
Дефанзивецот на Севилја Кике Салас (23) се најде во центарот на истрагата под сомнение за поврзаност со нелегално обложување. Според шпанските медиуми, вклучувајќи ги „Марка“ и порталот „Ел Конфиденсијал“, Салас на своите пријатели им давал информации врз кои ги базирале своите облози, вклучувајќи и совети да се обложуваат на неговите настапи.
„Ел Конфиденсијал“ објави пораки на „WhatsApp“ кои наводно потврдуваат дека Салас им препорачувал на своите пријатели да се обложуваат на жолти картони, кои потоа тој намерно ги добивал. Според тие наводи, тој овозможил исплата на добивки во неколку наврати.
Националниот полициски центар за интегритет во спортот и борба против обложување (Cenpida) се занимава со случајот од јануари, а токму во текот на тој месец Салас беше приведен како дел од истрагата, во тренинг центарот на клубот.
Истрагата имаше директно влијание врз неговата кариера, бидејќи му пропадна трансферот во Лацио. Казната за ваквото однесување може да достигне до три години затвор, но постои можност казната да се намали доколку се постигне договор со засегнатите обложувалници. Бидејќи неговите постапки не влијаеле на конечниот резултат од натпреварите, постапката не се води под сомнение за местење на резултатите.
Според достапните информации, пријателите на играчот заработиле вкупно околу 9.000 евра во шест наврати, а секој добитен облог бил поврзан со јавни опомени што ги добил Салас.
Самиот играч наводно немал директна финансиска корист, туку го искористил својот статус на професионален фудбалер за да им овозможи на другите да остварат профит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Слот му одговори на Деко: И јас ги сакам Јамал и Рафиња

Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз.
Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд.
„Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме на пазарот, има имиња што ги знаеме и кои би можеле да го подобрат тимот“, изјави Деко за каталонската радио станица „РАК 1“.
Тренерот на Ливерпул експресно реаираше на оваа изјава.
„Секој клуб ги прави работите на свој начин. Веќе сте навикнати на фактот дека не зборувам за други играчи што не сме ги потпишале. Разбирам, тој е голем обожавател на Луис Дијаз. И јас сум фан на Дијаз. На Деко му се допаѓаат некои играчи. И мене. Ми се допаѓаат Јамал и Рафиња“, рече Слот.
Барселона ја освои титулата во Шпанија, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија оваа сезона, но не успеа да ја оствари целта во Лигата на шампионите. Затоа, Деко ќе мора да работи на тимот за следната сезона, а очигледно нема да има соработка со холандскиот тренер.
Спорт
(Видео) Нереални слики – Неапол „гори“

Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25.
Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0.
Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал.
¡NAPOLI CAMPEÓN DE LA SERIE A! pic.twitter.com/HhY7LlIWkB
— Fox Sports Argentina (@FOXSportsArg) May 23, 2025
Преостанатите навивачи го окупираа централниот градски плоштад и всушност сите пори на градот од каде што го гледаа натпреварот, поради што целиот Неапол застана, а по последниот свиреж почна да „гори“.
Неверојатни сцени на прослава можат да се видат на улиците на Неапол, трофејот е обележан со факели и огномет.
OMG Napoli fans turned Naples into hell after Lukaku goal🔥
Scudetto 🏆 pic.twitter.com/3wZlOcr8O8— ApocaliptoX (@Pazzrik) May 23, 2025
Que bonito es el futbol italiano. Que pasión y que forma de vivirlo. Tremendamente meritorio el Scudetto del Napoli. Leyenda Antonio Conte pic.twitter.com/vSX979wgSW
— 🔱 (@ArchiATM) May 23, 2025
SCUDETTO! 🏆
Napoli have won their 4th ever Serie A title, and just look at those full time celebrations 🥹
This is what it means to Naples. Phenomenal!
— Football Heritage (@_footyheritage) May 23, 2025
Спорт
Шпанците го селат Модриќ во Хетафе

Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“, Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе.
Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција.
Главната причина зошто Модриќ би се одлучил за оваа варијанта е наводно неговата силна желба да остане да живее во Мадрид, каде што поминал повеќе од десет години со своето семејство.
Наместо да се пресели на некоја егзотична дестинација, Модриќ на тој начин би останал онаму каде што сака да живее, а во исто време би продолжил да игра врвен фудбал во во лига која добро ја познава. .
Иако нема официјална потврда ниту од клубот ниту од самиот играч, оваа информација дополнително го зголемува интересот за иднината на Модриќ, за која очигледно сè уште се пишува во Шпанија.