Спорт
Никола Миротиќ се договорил со Монако

Монако вечерва не успеа да стане европски првак. Во Абу Даби, Монако го загуби финалето од Фенербахче со 70:81.
Еден час по завршувањето на финалето, медиумите објавија дека Никола Миротиќ од следната сезона ќе го носи дресот на клубот од „малото кнежество“.
Миротиќ ќе потпише двегодишен договор со Монако, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона.
Оваа информација ја објавува „Јурохупс“, а претходно беше споменато дека Миротиќ ќе замине од Милано и ќе се пресели во Монте Карло.
Според овој извор во наредните денови Миротиќ ќе го потпише договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси и Суарез основаа нов клуб

Дуото на Интер Мајами, Лионел Меси и Луис Суарез, се одлучија за ново фудбалско поглавје. Решија да основаат нов клуб.
Новиот клуб е од Уругвај, поточно од Сиудад де ла Коста и се вика Депортиво ЛСМ. Клубот ќе започне да се натпреварува во Четвртата лига во Уругвај.
Клубот е создаден од Депортиво ЛС, кој беше независно основан од Луис Суарез пред четири години. Ова засега не го менува нивниот професионален ангажман, бидејќи двајцата се уште се членови на тимот од МСЛ лигата, Интер Мајами.
Суарез има 38, а Меси 37 години и полека се ближат кон крајот на кариерите. Заедно тие беа и членови на Барселона и беа дел од последниот тим на „Блауграна“ кој ја освои последната титула во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Возачот од Ливерпул обвинет за обид за убиство

Возачот кој синоќа со автомобил се заби во толпата навивачи за време на прославата на титулата на Ливерпул во центарот на градот, беше веднаш уапсен, а во вторник беше објавено дека ќе биде изведен пред суд под обвинение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на дрога.
Вкупно 65 лица беа повредени, повеќето беа згрижени на местото на настанот, а повеќе од 50 лица беа примени во болниците низ градот. Едно од нив е дете и уште тројца возрасни со тешки повреди. Во вторникот, 11 повредени останаа на болничко лекување, сите се во стабилна состојба.
Полицијата и службите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот, возачот бил веднаш уапсен, а полицијата успеала да ги спречи разгневените граѓани сами да се справат со него.
Mad man drives through a crowd of Liverpool supporters. I'm praying for all involved, and I hope the driver gets what he deserves. I'll take a guess it was a smelly Muslim pic.twitter.com/jai9qxwxGz
— paul nolan (@paulnolan19164) May 26, 2025
Шпекулациите дека станува збор за терористички напад веднаш почнаа да се шират по социјалните мрежи, веднаш по инцидентот. Полицијата одговори со итно соопштение, пред доцната прес-конференција, во кое ги повика граѓаните да се воздржат од вакви шпекулации, дека уапсениот маж е Британец, белец на возраст од 53 години.
Помошничката началничка на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, објасни како дошло до целата оваа ситуација.
Уапсениот маж го искористил моментот кога сообраќајната блокада била запрена за кратко време, за да може брза помош да оди на улицата Вотер по повик дека едно лице имало срцев удар.
„Веруваме дека возачот на „Форд Галакси“, вклучен во овој инцидент можел да ја следи брзата помош низ привремено блокираната улица кога блокадата била расчистена за да може брзата помош да стигне до лицето кое доживеало срцев удар. Нема докази што укажуваат зошто се случил инцидентот“, рече Симс.
Спорт
(Видео) Ролан Гарос со пехар го изненади Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со победа го започна вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос. За два часа Ѓоковиќ со 6:3, 6:3, 6:3 го победи Американецот Мекензи Мекдоналд.
Организаторите на Ролан Гарос подготвија изненадување за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Претседателот на Француската тениска федерација, Жил Мортон, и директорката на турнирот Амели Морезмо имаа подароци за трикратниот победник на овој Гренд слем.
Новак го доби трофејот откако триумфираше во првото коло над Макензи Мекдоналд.
„Посебен трофеј за посебен човек“, се вели во објавата за Ролан Гарос, во која се наведува дека Ѓоковиќ има освоено 100 титули во кариерата, вклучувајќи 24 гренд слем турнири.
A special trophy for a special man…
24 Slams
100 titlesCongratulations @DjokerNole! 🏆 pic.twitter.com/WGJAAYM2Lc
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 27, 2025