Забава
Сè што им е важно е што побрзо да покажат заби: хороскопски знаци што веднаш ќе ве нападнат
Некои знаци ќе размислат, ќе молчат, ќе чекаат прашината да се смири. Но, има и такви кои ќе започнат вербален напад штом ќе почувствуваат дека нешто не е во ред, дури и ако само прашате каде се чорапите.
Не им е гајле кој прв почнал, важно е кој прв ќе ги покаже забите. И не затоа што се лоши, туку затоа што се претпазливи, темпераментни и убедени дека најдобрата одбрана е нападот.
Во нивниот свет, да се биде „мек“ значи да се биде ранлив. И да се биде ранлив значи да се изгуби.
Овен
Овенот не знае за пасивна одбрана. Тој чувствува напнатост и веднаш се движи: со зборови, став, тон што се крева без предупредување. И не е дека не те сака, едноставно не може да го поднесе чувството дека некој ги доведува во прашање неговите моќ, вредност или одлука. Неговиот рефлекс? Удри прв. Само тогаш, доколку е потребно, проверете дали било потребно.
Шкорпија
Шкорпијата не верува лесно. Ако почувствува дека нешто не е чисто, нема да чека потврда. Тестира, провоцира и гради, сè за да ја ископа вистината или барем да ја изнесе ситуацијата на површина. Ако изгледате како закана, дури и емотивна, нејзиниот внатрешен аларм веднаш ќе се вклучи: одбранбен напад. И да, таа точно знае каде да удри бидејќи секогаш бара каде се слабостите на другата личност.
Лав
Лавот нема да молчи и да гледа како неговиот статус, позиција или авторитет се загрозени. Ако се почувствува нападнат, и ако неговото его трепери барем малку, тој е подготвен да се брани театрално, гласно и пред полна публика. Неговиот напад честопати доаѓа со стил, но и со сериозен тон: „Кој си ти да ме прашуваш?“. Нападот не е знак на несигурност, туку потсетник за тоа кој е главен.
Близнаци
Близнаците можеби нема да викаат, но ќе ви одговорат побрзо отколку што можете да завршите реченица. Нивниот одбранбен напад доаѓа во форма на сарказам, интелигентно поттикнување и „случајни“ коментари што погодуваат точно таму каде што не сакате. Ако почувствуваат закана, наместо да се повлечат, тие зборуваат, зборуваат, зборуваат… Сè додека другата страна не го изгуби трпението. И тоа значи победа за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

