Спорт
Чаби Алонсо го стави потписот на тригодишниот договор со Реал

Официјално започна ерата на Чаби Алонсо во најславниот светски клуб, Реал Мадрид. Алонсо, претходните две сезони ги мина во Баер Леверкузен, кормилото во „кралскиот клуб“ го презеде од Карло Анчелоти кој во иднина ќе биде селектор на Бразил.
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, на денешната презентација изјави дека неговата врска со клубот никогаш не престанала да постои.
Алонсо денес во просториите на клубот потпиша тригодишен договор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Тој му се заблагодари на Перез за довербата и додаде дека чувствува дека ова е почеток на нова ера за клубот.
„Ова е многу посебен ден за мене. Ден што ќе го забележам во мојот календар до крајот на животот. Многу сум среќен што сум тука, каде што се чувствувам како дома. Врската со Реал Мадрид никогаш не престанала да постои, а откако влегов клупскиот центар добив чувствот како повотрно да сум се родил“, рече Алонсо.
Алонсо изјави дека Реал Мадрид има одличен тим, кој има добар потенцијал и светла иднина.
„Уверени сме дека можеме да постигнеме важни работи, достојни за Реал Мадрид“, рече тренерот на Реал Мадрид.
Алонсо нагласи дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, имал големо влијание врз неговата кариера.
„Без знаење на Анчелоти, веројатно немаше да бидам тука. Со голема чест и гордост го преземам и го продолжувам неговото наследство. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе го однесам клубот таму каде што му е местото“, рече Алонсо.
Реал Мадрид да учествува на Светското клупско првенство во САД, каде што ќе игра во групата Х со Салцбург, Ал Хилал и Пачука. Светското клупско првенство е закажано од 14 јуни до 13 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/
Спорт
(Видео) Кошаркар од Филипини доживотно суспендиран поради ужасен удар

Мајк Сорела повеќе нема да биде дел од кошаркарските натпревари, по она што го направи на натпреварот од MPBL на Филипините.
Играчот на Ген Сан Вориорс, Мајк Сорела, го удри Јонас Тибајан толку силно за време на натпреварот против Миндоро Тамаравс што му нанесе сериозни телесни повреди. За дивјачкиот потег, Сорела беше казнет со 200 илјади филипински пезоси, што е околу три илјади евра, но што е поважно, тој е суспендиран доживотно. Ова значи дека никогаш повеќе нема да го видиме на кошаркарските терени.
Inacreditável o que aconteceu em um jogo de basquete nas Filipinas.
O jogador que sofreu a agressão, Jonas Tibayan, quebrou a mandíbula e sofreu uma concussão.
Michole Sorela, o agressor, foi banido pra sempre do basquete filipino. pic.twitter.com/sjN8NFsrum
— NBA da bad (@NBAdabad) August 13, 2025
На Тибајан му е скршена вилицата, има потрес на мозокот, а има и расекотини на усната. Тибајан може и да го тужи Сорела.
Спорт
Зголеми ја својата добивка за 1.000 отсто во „Моцарт“

Oд 15 август во Mozzart обложувалници е активен HAPPY HOUR БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!
Бонусот важи за сите ИГРИ и за натпревари со квота 1.35 или поголема. Бонусот важи за елементарни тикети, а доколку на тикетот има натпревар со квота помала од 1.35, тикетот влегува во пресметката, но тој натпревар не влегува во пресметката за бонус.
Happy Hour бонусот важи во термините 9 – 11 ч. и 19 – 21 ч.
Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!
(ПР)