Македонија
УЈП до даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност: Започната е постапка на обнова на јавниот клуч
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека е започната постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка.
Соодветно, како што соопштија од таму, ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч.
„Во овој контекст, ги повикуваме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, се до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч. Сите МПИН пресметки поднесени до оваа објава преку е – пошта [email protected], ќе бидат обработени. Напомнуваме, дека оваа постапка нема да има влијание на обработката на МПИН пресметките поднесени преку системот е-даночни услуги. По завршување на целокупниот процес, Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение и насоки за понатамошно постапување во однос на преземање на новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи и поднесување на МПИН пресметките“, се нагласува во официјалното соопштение од УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

