Регион
Трагедија на познат грчки остров: големи бранови однесоа млад човек

Триесетгодишниот Стефанос Кемос од Трикала трагично го загуби животот во брановите на Јонското Море на плажата Катисма во Лефкада, само неколку недели пред неговата свадба.
Според извештајот на локалниот портал ilefkada.gr, Стефанос се обидел да плива во многу опасни услови, додека огромни бранови го удирале брегот. Морето го одвлекло и покрај напорите на спасувачите и присутните капачи, вклучувајќи го заменик-градоначалникот на Лефкада и пожарникарот Никос Лазарис. Според написите до него не било можно да се стигне на време. Брановите го однеле до крајот на плажата, каде што подоцна било пронајдено и извлечено неговото безживотно тело.
Во моментот на несреќата, дувал силен ветер, а според извештаите претходно било издадено предупредување за неповолни услови. Ова не е прв пат да се случи несреќа на Катисма, која е позната по своите чести силни бранови, пишува Грчкаинфо.
Припадници на крајбрежната стража, службите за итни случаи (EKAB) и пожарникарите веднаш реагираа на плажата, но Стефанос веќе беше без знаци на живот кога пристигна во болницата во Лефкада, пренесуваат тамошните медиуми.
Трагедијата е дополнително усложнета од фактот дека Стефанос бил на Лефкада со пријатели а планирал свадба за 14 јуни со својата избраничка, додека таа била во исто време со своите пријателки на друг остров, подготвувајќи се за својата моминска забава.
Според локалните медиуми, тој бил познат како вреден и скромен млад човек од угледно семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.